Пандов во статусот и се обраќа на Јанева велејќи дека по денешниот исказ кој траеше нешто помалку од еден лас а Катица не сакала да дакже ништо во врска со случајот Рекет додека не ги види доказите,  дека можеби и се заарнило во притвор!

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 септември, 2019 21:03

Катица Јанева шамарала адвокат среде рочиште?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Катице не можам да си најдам самиот на себе зборови на утеха после денешниов ден. Да ме избламираш вака на јавна сцена и мртва ладна да се појавиш пред камери без очила, а со лисици на раце, искрено не го очекував од тебе. Лисиците после се и не ти стојат лошо, меѓутоа за мене е малку невкусно жена во твои години вака да се шета пред јавност. Башка многу лута, ко за тепање да и одиш на Рускоска. А се поинаку ќе изгледаше да беше обратно, со очила, а без лисици, пишува Александар Пандов на Фејсбук.

Фејсбук статус на Александар Пандов

Пандов во статусот и се обраќа на Јанева велејќи дека по денешниот исказ кој траеше нешто помалку од еден лас а Катица не сакала да дакже ништо во врска со случајот Рекет додека не ги види доказите,  дека можеби и се заарнило во притвор!

Некако во лоша серија си влезена. Ене пред некој ден седам со добар пријател на ручек и додека заеднички констатираме дека Заев и СДС за три години ни ја врати Македонија 30 години назад, некако спонтано се наметна и аферата Рекет. Кога тој мене на прва ми вика: Александар супер ти се советите кон Катица, но знаеш ли ти дека таа е малку отидена со нервите и не баш до крај пресметлива жена уште од времето? Па додава: Се сеќаваш ли кога ја назначија за специјална дека се збореше како имала кривична пријава? Му велам се сеќавам, ама покрај сите обиди да се дознае за што била, јас барем не дознав. Сега ќе дознаеш, продолжува тој, замисли вика во Гевгелија на рочиште на случај каде таа е обвинителка, во даден момент почнува се погласно и погласно да се расправа со адвокатот на обвинетата странка, за да таа кавга нејзе ја вади до толку од контакт, станува оди кон адвокатот и му залепува со полна рака шамарчина! Очилата кои ги имал на главата му летнале 5 метри на страна. Е од него и е кривичната завршува пријателот. Јас останав вџашен, ококорен и со подотворена уста. Му велам: Брат не си ме лажел до сега, но еве морам Кате прво да ја прашам, пред да ја штиклирам информацијава за точна.

Па Катица точно ли е дека си шамарала адвокат или ти пуштаат муабети?

Бај д веј, за кичевскиот ти пишав пред некој ден, а еве го веќе денес и дома си е човекот. Со твоето молчење ме тераш да помислам дека ти се заарни во притвор!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести