Дали во Македонија секоја власт си има свои судии ?

Објавил: Узунов Бобан | 25 април, 2019 11:01

Кацарска судството метастазира-судијката што пресудила во корист на 1тв, му пресуди и на Реџепи од ИВЗ ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Дали во Македонија секоја власт си има свои подобни судии ?! Ако за претходната власт, тогашната опозиција го користеше терминот “сваровски судство”  кога ја убедуваше јавноста дека го има поклопено судството и не постои владеење на правото.

Сегашната опозиција за мешањето на актуелната власт врз работата на судиите го користи терминот “Кацарска судство” и изгледа има основани причини за тоа ако се разгледаат последните случувања со 1тв и упадот во Исламската верска заедница.

Имено покрај огромното пробивање на рокот за доставување на ценовник за платена политичка програма до ДИК,  телевизијата „1 ТВ“ на Бојан Јовановски- Боки 13, добила дозвола од државната изборна комисија да емитува реклами за изборната кампања по претходно донесено Решение на граѓанскиот суд во Скопје во кој потпис ставила судијката Сузана Дончевска.

Во тој период голем број на медимски куќи, печатени и електронски, реагираа за ваквото флагрантно кршење на законот и ја обвинуваа власта за фаворизирање на 1тв бидејќи истата важи за блиска на партијата на власт.

Истата судијка Сузана Дончевска што и додели на 1ТВ 100.000 евра за реклами за кампањата за претседателските избори, пресудила против реисот Сулејман Реџепи од ИВЗ а во корист на новиот поглавар Скендер Бузаку.

Сулјеман Реџепи и ИВЗ изјавија дека одлуката на судијката е донесена со фалсификат документи и дека ова е упад врз автономијата на ИВЗ како верска заедница органзиран од страна на Владата и Заев. Поради овој настан, реисот Сулејман Реџепи изјави дека не се повеќе на иста страна со Владата. 

Кованицата “Кацарска судство” првпат ја употреби опозицијата обвинувајќи ја власта и судијката Добрила Кацарска дека се во заеднички договор да водат монтирани предмети и процеси против ВМРО-ДПМНЕ како партија и актуелни и поранешни фунцкионери на поранешната власт. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести