Вашингтон и Пекинг си воведоа царини на увоз на повеќе стотина производи

Објавил: Данаил Михајловски | 6 октомври, 2018 15:39

Кина го возвраќа ударот – го сопре увозот на нафта од САД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на кинеската компанија кој се занимава со транспорт на енергенти (ЦМЕС) Сје Чунлин, вели дека Кина целосно го спречила увозот на сирова нафта од САД. Вашингтон и Пекинг си воведоа царини на увоз на повеќе стотина производи.

Кина беше втор најголем купувач на американската нафта.

Ние сме од најголемите превозници на сирова нафта од САД во Кина. Претходно имавме добра работа, но сега таа е целосно прекината“ рекол Сје.

Тој со жалење констатирал дека се случила трговска војна меѓу САД и Кина и дека не е добро за превозниците на енергенти. Трговскиот спор, како што додал, ја принудува Кина да побара соја надвор од САД, така што Пекинг сега купува најмногу соја од Јужна Америка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.