Кинеската технологија е на далеку позната, па апликацијата набрзина се рашири меѓу кинезите кои се во паника поради коронавирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 февруари, 2020 19:25

Кинезите се надминаа себеси: Измислија апликација која им помага да го избегнат коронавирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Корона вирусот сее страв низ светот па технологијата отиде до таму што беше направена и апликација со чија помош може да избегате од овој смртоносен вирус. 

Коронавирусите, кои се познати од 1960-те години, можат да предизвикаат како обична настинка, така и опасни заболувања на белодробните органи, како САРС или МЕРС. Овие заболувања се појавуваат подеднакво кај луѓето и кај животните.

Кинеската технологија е на далеку позната, па апликацијата набрзина се рашири меѓу кинезите кои се во паника поради коронавирусот.

Апликацијата работи на таков принцип што презема официјални податоци за градските населби каде се забележани случаи на вирусот кои со помош на апликацијата се претвораат во географски мапи, и со тоа жителите можат да ги избегнат таквите места.

-Ако знам дека во близина има болни луѓе, можам да преземам дополнителни мерки на претпазливост, вели еден студент.

На патформата работат волонтери кои секојдневно ажурираат информации и новости кои ги соопштува Владата.

Инаку денеска кинеските здравствени власти соопштија дека зголемен е бројот на пациени кои се излечиле од новиот коронавирус и ги напуштиле болниците во Кина.

Вкупно 475 пациенти се отпуштени од болниците а биле излекувани откако е констатирано дека симптомите се ублажени, телесната температура е на нормално ниво најмалку три дена и кога тестот двапати покажува негативен резултат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.