Од Кичево годишно се иселуваат околу 2.000 Албанци, Роми, Македонци и Турци, а се зборува дека вработувањето на државно “чини“ 3-4.000 евра кеш на рака

Објавил: Данаил Михајловски | 2 април, 2019 23:10

Кичево се иселува, економијата е во рецесија, уште малку ќе нема кој да гласа за Река, Силјаноска и Пендаровски

Фото/Текст извор: ©магазин

Кичево забрзано се иселува во странство. Иселувањето не познава етникум, бидејќи се иселуваат и Албанци, и Македонци, и Роми, и Турци. Според извори од општината и Заводот за вработување во 2018 година 2.000 жители ја напуштиле општината, додека оваа 2019 се очекува рекордни 4.000 Кичевчани да заминат за странство. Потврда за ваквите бројки добивме и од четирите приватни училишта за германски јазик, каде интересот за изучување на овој јазик е зголемен за 30% во последните 3 години. Трендот не е случаен. Се повеќе граѓани се заинтересирани да научат германски и фамилијарно да си заминат по работа или подобар животен стандард во Минхен, Дизелдорф, Дортмунд, Штудгарт или Берлин. 

„Голем дел од нашите ученици по германски јазик се фамилијарни луѓе и го изучуваат јазиикот со цел да најдат работа и подобар живот во странство“, изјави за DW изјави Валентина Бошкоска, директорка на училиштето за странски јазици “Адамс“. Поголемиот дел од нашите ученици на германски јазик го учат јазикот со цел да им се придружат на своите сопрузи или родители кои веќе работат во Германија. Минатата 2018 година според нашите проценки околу 2.000 наши сограѓани си заминале од Кичево во странство, а очекуваме оваа година тој број да биде двојно поголем, изјави Аделина Џамбази, професор по германски јазик во приватното училиште „Алеанца“

“Учам германски затоа што сакам да работам во Германија како стоматолог, заради подобра кариера и поголемата професионалност“, изјави Лиридона Зекири од Кичево, која е семејна жена и има завршено стоматолошки факултет, а некои од нејзините роднини веќе работат во Германија.

Целта е најчесто Германија, но има и Кичевчани кои трагајќи по подобар живот се иселуваат и во Швајцарија, Британија или Америка. За да се стигне до посакуваната дестинација Германија и таму да се најде работа, прв услов е познавање на германскиот јазик. Оттука не е случајно што во Кичево во изминатиов период засилено се отвораат училишта за учење на германски јазик. Интересот кај граѓаните е голем.

„Учам германски затоа што сакам да заминам во Германија, за да работам како стоматолог. Сакам да ја развијам својата кариера, а таму и професионалноста е поголема“, вели стоматологот Лиридона Зекири. Она што запрепастува во разговорите со луѓето во кичевската чаршија е дека и тие малку стручни места за кои има место и потреба во кичевската болница, според нашиот извор, “треба или да си близок роднина или да си платиш 3-4.000 евра на главните партиски функционери во градот, за да се вработиш на државно“.

Фабарда Зендели сеуште учи за медицинска сестра, не е мажена, а паралелно оди на интензивен курс по германски јазик. “Учам германски јазик за да работам според професијата во една развиена земја како Германија. Работните места во Македонија не се добри“, изјавува младата госпоѓица Зендели од Кичево.

Нашиот соговорник од Кичево ни наброја уште десетина иселени Кичевчани: Аце Силјаноски (лекар Германија), Сашо Кланко (хортикултура, Британија), Дејан Деспотоски (угостителство, Германија), Самир Карагоски (градежништво, Швајцарија), Арбена Арифи (истражувач, САД). Дури и вработени луѓе во администрацијата бегаат во странство, а за таков ни го посочија случајот на Сунај Зулбеароски, вработен како активист на ДУИ во администрацијата во општина Кичево, кој потоа напуштил и сега со сопругата е во Швајцарија каде работи во приватен сектор.

Инаку од 2016 година во Кичево работи фабриката КСС, американска инвестиција за производство на автомобилски воздушни перничиња, во која моментално се вработени 1.450 работници, од кои поголемиот дел примаат плати од околу 20-22.000 денари, додека еден помал дел раководители, инжинери и менаџери имаат повисоки плати од околу 30-36.000 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести