Иако веќе беше најавено дека Деа Ѓурѓевиќ во емисијата „Ново Утро„ официјално ќе се врати во Јули, популарната водителка ќе можете да ја гледате веќе од утре на програмата на РТВ Пинк.

Објавил: Перо Милчин | 19 јуни, 2019 19:42

КОНЕЧНО: Деа утре се враќа на малите екрани на ТВ ПИНК, прво интервју со Александар Вучиќ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Една од омилените водителки во Србија, утре се враќа на ТВ ПИНК.

Иако веќе беше најавено дека Деа Ѓурѓевиќ во емисијата „Ново Утро„ официјално ќе се врати во Јули, популарната водителка ќе можете да ја гледате веќе од утре на програмата на РТВ Пинк.

Атрактивната водилка Деа Ѓурѓевиќ веќе од утре ќе имате можност да ја гледате на програмата на ТВ Пинк.

Таа прво ќе биде гостинка и водител во емисијата, каде ќе разговара со својот колега Предраг Шарапа, кој веќе два месеци и го чува нејзиното место покрај себе, а потоа ќе се најде во водителска улога и ќе има прво интервју со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ на 7 февруари доживеа тешка сообраќајка која се случил во Белград, кај болницата „Драгиша Мишовиќ“, кога автобус и ја откина раката. На водителката, лекарите се обидуваа да ѝ ја сошијат раката која ѝ ја откина автобусот, пишуваше белградскиот портал „Ало“.

Несреќата се случи кобното утро откако автомобилот на Деа полесно се судрил со друг автомобил.

Но, кога водителката излегла од своето возило да се види со другиот возач и да поразговараат, на неа налетал автобус кој тешко ја повредил и ѝ ја откинал раката. Водителката успешно се издигна од операцијата и веќе утре се враќа на малите екрани на телевизија Пинк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.