Според она што го објавија повеќе светски медиуми бројот на жртвите се зголеми на 106 и  регистрирана е и првата жртва во Пекинг.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јануари, 2020 11:28

Коронавирусот коси- Бројот на жртви надмина 100

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Корона вирусот кој сее страв во Кина се повеќе зема замав. Бројот на починати од смртоносниот вирус во Кина надмина 100, а потврдено е дека има повеќе од 4.500 заразени, пренесува Си-Ен-Ен.

Новиот смртонесен вирус Корона се пренесува од лице на лице

Според она што го објавија повеќе светски медиуми бројот на жртвите се зголеми на 106 и  регистрирана е и првата жртва во Пекинг.

Властите во Хубеј, кинеската провинција каде што е жариштето на епидемијата, соопштија дека се потврдени уште 1.300 нови случаи на заразени, од кои поголем број се во болница, а 125 од нив се во тешка состојба.

Американскиот Центар за контрола и спречување болести рече дека секое патување во Кина кое не е неопходно. 

Коронавирусот, кој изби во кинескиот град Вухан, се рашири и во неколку други држави, при што починаа најмалку 25 лица. Се смета дека епидемијата потекнува од рибниот пазар што во меѓувреме е затворен , а целиот град е во карантин. Вухан има околу 11 милиони жители, повеќе од Лондон и Њујорк, а вирусот се шири во Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван, но стигна до САД. Неколку недели откако пазарот стана „нулта точка“, официјалните лица потврдија дека вирусот е пренесен од личност до личност. Коронавирусот е широк спектар на вируси присутен кај животни кои можат да се пренесат и на луѓето во одредени околности. Контактот со месото на разни животни што се продава на пазарот на големо во морска храна е идентификувано како веројатна причина за првите инфекцирани лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести