Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов исто како и премиерот Оливер Спасовски, Мила Царовска и Радмила Шекеринска, одговори на 30 секојдневни прашања.

Објавил: admin@magazin | 17 јануари, 2020 14:56

КОСТАДИНОВ: Да не бев политичар ќе бев пилот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов одговори на 30 секојдневни прашања.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов исто како и премиерот Оливер Спасовски, Мила Царовска и Радмила Шекеринска, одговори на 30 секојдневни прашања.

Во видеото Костадинов одговара на 30 прашања, меѓу кои вели дека би бил пилот ако не беше политичар.

Омилена телевизиска серија му е „Хаус оф кардс“ која ја гледа со чашка добро изладена струмичка мастика. Тој вели дека во политиката влегол поради Груевски.

Тој вели дека најдобар пријател е неговата девојка, дека ако би имал супермоќ би го тргнал национализмот од главите на луѓето и дека буквално се му фали од Струмица.

Така Костадинов вели дека најдобриот совет што му го дале е „трпение, спасение“, дека негов омилен херој е покојниот татко, а дека себеси би се опишал како тврдоглав, упорен и решителен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.