Од Министерството за внатрешни работи пак велат дека работат на расчистување на случајот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 февруари, 2022 18:49

Кој и зошто го запали автомобилот на братот на пратеникот Јаулески?

Фото/Текст извор: ©магзин/сител

Му го запалиле автомобилот пред куќа и избегале – вака пратеникот Јован Јаулески кој сподели видеа на социјалните мрежи, раскажува што доживеал неговиот брaт, пренесе Сител!

На брат му кој синоќа за време на инцидентот бил во својот дом со семејството во Струга, ништо не му навестувало дека нешто ќе се случи. Не знаел дека автомобилот полиен со безнин му гори во двор, се додека свиреж на возила не му го привлекле вниманието, па излегол да види што е работата, објаснува Јаулески.

Пратеникот се сомнева дека ваквите случувања имаат имаат политичка позадина. Истакна дека не се плаши од никој, а од надлежните очекува што поскоро да го решат случајот.

Од Министерството за внатрешни работи пак велат дека работат на расчистување на случајот.

Пред три месеци Јаулески преку социјалните мрежи реагираше дека финансова полиција влегла и извршила претрес во неговиот дом, на денот кога требаше да се гласа за доверба на влада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести