На свеченото отворање на најголемиот аеродром во светот, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган поканил само осум светски државници, меѓу кои и Македонски претставник

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 октомври, 2018 7:10

Кој македонски политичар ќе биде денес во Истанбул?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, е единствениот политички претставник од Македонија кој е официјално поканет да присустува во Истанбул на отворањето на најголемиот аеродром во светот.

Иванов е еден од осумте државни лидери кои треба да присуствуваат на церемонијата, покрај претседателите на Србија, Албанија, Косово, Молдавија, премиерите на Бугарија и БИХ, како и емирот на Катар.

Новиот аеродорм ќе биде трет во Истанбул, но воедно и најголем во светот, со капацитет од 150 милиони патници годишно.

Новиот аеродром „Istanbul Yeni Havalimani“ е изграден на европската страна на Истанбул, на 35 километри северно од градот, во округот Арнавуткој.

Изградбата почна во јуни 2014 година, а сега е завршена првата од вкупно четири фази на изградба. Во првата фаза аеродромот ќе може да прими 90 милиони патници.

На новиот аеродром ќе биде изграден и најголемиот светски трговски комплекс без царина.

Се проценува дека кога ќе биде завршен, аеродромот ќе има 225.000 вработени.

Оттука ќе се лета на 350 дестинации ширум светот, во соработка со стотина авиокомпании.

Најфреквентниот аеродром во светот „Хартсфилд Џексон“ во Атланта, САД во 2017 година имал 105 милиони патници. Шесте аеродроми во Лондон даваат услуги на 150 милиони патници годишно.

Изградбата на аеродромот чини 10,5 милијарди евра. Ќе покрива површина од 7.659 хектари што е околу 76 квадратни километри и ќе има шест писти. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести