Правилата мора да се почитуваат

Објавил: Македонка Димкин | 6 јануари, 2022 17:29

После веста за фалсикуваните КОВИД цертификати, тродупла контрола на Охридскиот Аеродром

Фото/Текст извор: ©магазин

Денес попладне на Охридскиот Аеродром Св Апостол и Павле, очигледна беше строгата контрола на патниците кои патуваат надвор од Македонија. 

Така на самиот влез контролата ја прави лице  од обезбедување, за потоа патниците се контролираат од персоналот каде треба да се чекирате, па се до полицискиот граничен пункт кој инаку е задолжен да врши гранична контрола.

Очигледно многу патници понесени од новогодишните празници не ја ни прочитале веста дека во Гевгелија наводно некое касино издавало лажни ковид цертификати, која пак таа вест беше пренесена од грчките телевизии.

Сепак наш читател кој и ни испрати слика вели за Магазин дека и покрај трикратните контроли, се има впечаток дека македонските цариници и немаат некој систем кој ќе може да потврди дали странските цертификати се валидни или не, бидејќи тоа го прават без уред или некое си техничко апаратче.

Но од друга страна ако се има во предвид дека за новогодишните празници ни еден ресторан ( со неколку исклучоци) буквално не барал цертификат од гостите, тогаш контролите на Охридскиот Аеродром можат да се оценат како многу солидни.

Штета што и во Обридските продавници пола од купувачите не носат маска вели нашиот читател. 

Дали е ова добро или лошо ќе покаже времето сепак, ако некој поставил знак да се носи маска и треба да се почитува.

Очигледно на Македонците правилата не им се важни, можеби си велат што ќе ни се правила кога и така не не сакаат во ЕУ.

Но не е така, правилата се тука за да се почитуваат.

Среќно празници и добро здравје ни напиша нашиот читател Марин Златко кој патува за Франција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести