Од здобиените повреди во дворот на лице место починал Јастреб Асановиќ(38), а додека Иван Рониќ (19) им подлегнал на повредите во болницата во Књажевац.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јули, 2019 0:31

КРВАВ МАСАКР ВО СРБИЈА: Дедо го убил внукот и зетот, а тешко ја ранил снаата и другиот внук!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Књажевац, Србија вечерва со огнено оружје убиени се две лица, а додека пак две се тешко ранети.

Полицијата го уапси Ненад Рониќ (63)кој е осомничен дека вечерва околу 20 часот, во дворот на семејната куќа во Књажевац, со пушка убил две лица, а две тешко ги ранил.

Веднаш после убиството побегнал од местото на злосторството, дознава Курир.рс.

Едно лице веднаш им подлегна на повредите, а другото во болницата во Књажевац. Во крвавиот масакр уште две лица, се здобиле со тешки телесни повреди.

Од здобиените повреди во дворот на лице место починал Јастреб Асановиќ(38), а додека Иван Рониќ (19) им подлегнал на повредите во болницата во Књажевац.

Имено, убиени се зетот и внукот од убиецот, а додека пак снаата Романа (20) и внукот Б.Р(15) со тешки телесни повреди се пренесени во болница.

Пред убиецот да го направи злочинот, како што дознава курир, се случувала голема расправија помеѓу Рониќ и неговиот брат од чичко К.Р кого Иван го претепал.

Веднаш после тоа К.Р се пожалил на својот дедо Ненад, кој ја зел пушката и го започнал крвавиот масакр.

После злочинот Рониќ ја оставил пушката и побегнал во непознат правец, но полицијата за брзо време го уапсила. Како што дознава курир.рс до сега во тоа семејство немало пријави за насилство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...