Вучиќ објави за кривичната пријава против себе, велејќи дека ќе биде поднесена од потпретседателот на неговата партија (СНС), со цел да се открие вистината за „Јовањица“ со покренување истражен процес пред полицијата и обвинителството, на која заедно со органски зеленчук одгледувана е и марихуана.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 декември, 2019 13:31

Кривична пријава за Вучиќ за скандалот со плантажа за марихуана

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Милош Вучевиќ, градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, пред јавноста истакна дека поднесе кривична пријава, со цел, како што се наведува, да се открие вистината за аферата со која изминатите денови се поврзуваа претседателот Александар Вучиќ и неговиот брат Андреј.

Претседателот и неговиот брат се поврзани со плантажа за марихуана на фармата „Јовањица“ во Војводина.

Аферата „Јовањица“ случајно беше откриена од страна на полициски службеник

За поднесената кривична пријава објави Вичевиќ, велејќи дека ќе биде поднесена од потпретседателот на неговата партија (СНС), со цел да се открие вистината за „Јовањица“ со покренување истражен процес пред полицијата и обвинителството, на која заедно со органски зеленчук одгледувана е и марихуана.

„Вучевиќ ќе поднесе обвиненија против мене и Андреј за Јовањица, за нас да бидеме сослушани и да донесат заклучоци“, изјави Вучиќ во саботата, за време на презентацијата на руските хеликоптери на воениот аеродром Батајница, одговарајќи на обвинувањата на опозицијата дека уапсениот Колувија по полициската интервенција прво го повикал братот на Вучиќ, Андреј.

За потсетување, аферата „Јовањица“ случајно беше откриена од страна на полициски службеник.

По распитот беше заклучено дека Предраг Колувија кој е сопственик на фармата „Јовањица“, од државниот буџет добил субвенции за одгледување органска храна на таа фарма крај Стара Пазова, во Војводина.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести