Софија Куноска го опишува карактерот на Зоран Заев како авторитарен политичар влезен во “его трип“

Објавил: Данаил Михајловски | 17 април, 2019 9:40

Куноска: Заев е осветољубив и самобендисан политичар, кој демонстрира авторитарност

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска, за гостувањето на Заев на 21 ТВ, даде коментари со кои го опишува карактерот на Заев како политичар и како човек. Таа смета дека премиерот Заев е во “его трип“ и потсвесно ја демонстрира својата авторитарност, особено со фалбите за претседателските избори, во кои арогантно истакнува “ќе победев и со Шекеринска и со Оливер Спасовски и со Димитров како претседателски кандидати“ во кој замислете тој се идентификува како единка што победува. Куновска мисли дека тоа говори за природата и праксите на донесувањето одлуки на Заев во партијата, во владата и собранието, што е поважниот дел од приказната за нас како граѓани. За осветољубивоста и долгото паметење на Заев кон оние што имаат поинков став од неговиот во друга прилика, пишува таа.

Во продолжение го пренесуваме статусот на Софија Куноска:

Од Пржинскиот договор, единствена точка за која не гласав “ЗА“ беше предлогот Митко Чавков да биде дополнителен министер за внатрешни работи. Сметав дека тој како организатор на настаните од 24 декември 2012, бруталното исфрлање на пратениците од собранието т.н ЦРН ПОНЕДЕЛНИК, не смее никогаш и никаде да има прилика повторно да управува во нашата држава. Сметав дека тој е олицетворение на прапочетоците на злото во владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Мојата демократска совест тоа не можеше да го проголта. Но не само што за тоа се пожалил кај наши заеднички пријатели, туку осветата на Заев кон мене беше сервирана “топла“ и стаса веднаш на наредните парламентарни избори во декември 2016.

Но мојата судбина е сосем небитна. Многу поважно е што доста брзо, по изборите во декември 2016, веќе на 27 април 2017, при формирањето на новото парламентарно мнозинство токму Митко Чавков е човекот што за влакно не успева да го чини глава токму Зорана Заев. И не само него. Јас и денес жестоко жалам што се случи таков настан во кој страдаа мои партиски другари, вклучително Зоки. Но премиерот и претседател Заев мораше, а не ја научи лекцијата. Во него не живее доблеста да покаже дека понекогаш греши, а уште помалку да се обиде понекогаш и да послуша инакумислечки луѓе. За нас двајца е среќа што навреме се разидовме. Обостраното незадоволство би можело да ни донесе многу повеќе проблеми и незадоволство отколку успешна соработка. Но, за нас како колективитет, неговата нескриена самобендисаност и осветољубивост е само сојузник на сивилото за кое зборува Вангелов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести