Лавров порача дека западот е многу опседнат со сопственото првенство и потсети дека не треба да се заборави никогаш на што не научи историјата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 февруари, 2019 13:45

Лавров : “На Русија Европа не може да и наредува”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Шефот на руската диплоамтија, Сергеј Лавров изјави дека сите обиди од Европа да се натера Москва да донесе одредени надворешно политички одлуки, се осудени на една голема пропаст.

Лавров порача дека западот е многу опседнат со сопственото првенство и потсети дека не треба да се заборави никогаш на што не научи историјата.

Тој рече и дека неговиот претходник, Јевгениј Примаков, во 2014 година изјавил дека Русија покажала дека е земја која ги штити своите национални интереси во целиот свет.

„Не е првпат Западот да биде опседнат со сопственото првенство, но не треба да се заборави на што не научи историјата. Никој не треба ни да се сомнева во тоа дека обидите Москва да се натера да донесе одредени надворешнополитички одлуки, се осудени на пропаст“ рече Лавров.

„На САД и нивните сојузници тоа не им е по волја, но таков е објективниот тек на историјата“ изјави Лавров. Русија ќе тежнее односите со ЕУ и САД да ги гради на основа на рамноправен дијалог.

Сергеј Лавров е моментален министер за надворешни работи на Русија. Бил советски дипломат во Шри Ланка, каде работел до 1976 година. По враќањето, започнал да работи во Министерството за надворешни работи. Во периодот од 1981 до 1988 година работел во седиштето на ООН, каде по ова повторно работел во руското министерство за да од 1994 година повторно замине во Њујорк како амбасадор при ООН.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.