Натпреварот се игра утревечер со почеток во 20 часот и 45 минути

Објавил: admin@magazin | 5 септември, 2018 14:48

Лига на Нации: Ангеловски и Пандев оптимисти пред утрешниот дуелот со Гибралтар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев очекуваат успешен стар со победа во новото УЕФА натпреварување – Лига на Нации.

Ги реализиравме подготовките за натпреварот против Гибралтар. Се навикнавме на временските услови и на условите за игра, пред се на теренот. Верувам во моите фудбалери и убеден сум дека ќе оствариме позитивни резултати. Нема да експериментираме со тимот, ќе настапат најдобрите. Верувам дека сите ќе имаат вистински пристап и со победа ќе започнеме во ова натпреварување, изјави Ангеловски на денешната прес-конференција.

Пандев апелира во никој случај да не се потценува противникот.

Играме со репрезентација која не е многу позната. Во минатото можеби сме имале проблеми со ваков тип на селекции и затоа треба да влеземе многу сериозно. Играме на мал стадион со вештачка трева, но оваа генерација на македонски фудбалери е една од најдобрите во историјата. Фаворити сме и подготвувани за победа, потенцира Пандев.

Натпреварот се игра утревечер со почеток во 20 часот и 45 минути.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...