-Методите на репресии, демагогии, манипулации, клиентелизам, беа методи на режимот на ВМРО ДПМНЕ, Груевски и на Орбан, тврди лидерот на партијата на Македонците во Србија.

Објавил: Владо Марин | 21 мај, 2020 19:33

Лидерот на Партијата на Македонците во Србија: Владеењето на Вучиќ е слично со она на Груевски!

Фото/Текст извор: ©Фокус

Горан Илијевски, лидерот на Партијата на Македонците во Србија во изјава за „Утрински брифинг“ смета српската влада преку министерот за одбрана Александар Вулин, кој упати недолични зборови кон македонскиот претседател Стево Пендаровски, е само уште една од низата провокации.

Како што вели Илијевски, тој наоѓа огромна сличност на владеењето меѓу актуелниот српски претседател, Александар Вучиќ и поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски.
Како што вели Илијевски, тој наоѓа огромна сличност на владеењето меѓу актуелниот српски претседател, Александар Вучиќ и поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски.

Методите на репресии, демагогии, манипулации, клиентелизам, беа методи на режимот на ВМРО ДПМНЕ, Груевски и на Орбан, тврди лидерот на партијата на Македонците во Србија.

Илијевски додаде дека нема да се одржат избори во Србија, бидејќи опозицијата подготвува бојкот, а меѓу нив и неговата партија.

Според него, Македонија не е таа што се меша во проблемот, туку на Белград му одговара да го проширува. Илијевски во интервју за „Независен“ги објаснува причините за ваквата политика на Белград и што може да се очекува на престојните избори во Србија однос на Македонија.

 Станува збор за класична недипломатска провокација на многу ниско ниво од страна на Вулин, кого го знаат во Србија и ниту таму не го почитуваат, заради многу скандали што постојат околу него (од тетка во Канада, преку лажна диплома до неспособност за воена служба иако е министер за одбрана).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.