Лидерската средба резултираше без договор, а власта и опозицијата имаат спротивни ставови во однос на поделбата на Обвинителството за предлог-законот организиран криминал и корупција на две посебни тела.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 септември, 2019 22:19

Лидерската средба за Законот за јавно обвинителство резултираше без договор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И денешниот состанок на работните групи меѓу власта и опозицијата  за Предлог-законот за јавно обвинителство пропадна, пренесува телевизија Алсат.

Лидерската средба резултираше без договор, а власта и опозицијата имаат спротивни ставови во однос на поделбата на Обвинителството за предлог-законот организиран криминал и корупција на две посебни тела.

“За почеток, имаме разлики во толкувањето на заклучоците од лидерската средба. Еднаш да ги расчистиме тие разлики, потоа ќе продолжиме. Кога ќе се сретнете? Не сме се договориле.“

Министерката за правда Рената Дескоска непосредно пред средбата изјави дека е можно да се постигне компромис , додавајќи дека нејзиниот песимизам извира од барањата на опозицијата.

Опозициската ВМРО истакна дека Дескоска според нив е неуспешен раководител на преговорите а претседателот Стево Пендаровски е можеби единствениот оптимист и се надева на надминување на спорните прашања бидејќи како што вели според него работните групи се блиску до договор.

Следна работна средба не е закажана. Партиските групи ќе се консултираат во органите, а потоа повторно би имало преговори со цел надминување на разликите за поделба на Обвинителството, користењето на „бомбите“ како доказ во постапките и за судбината на предметите на Специјалното обвинителство.

Извор Тв Алсат

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести