Водителката во сведочењето кажа дека дала донација за „1ТВ“ од 25 илјади евра бидејќи сакала да помогне.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јануари, 2020 11:41

Лила за “Рекет”: Дадов 25 илјади евра донација и 500.000 денари позајмица за „1ТВ“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска нови четири сведоци ќе сведочат за случајот “Рекет” меѓу кои и водителката Лила Филиповска која веќе се наоѓа во судот и го започна сведочењето.

„Не сме скарани, но не сме веќе пријатели со Боки 13“. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет“ додавајќи: „Го познавам од неговата 15-та година. Бевме пријатели, па бевме скарани некое време, па се смиривме пред некое време. Сега не сме скарани, но не сме пријатели“, објавува А1он.

Лила Филиповска денеска сведочи за случајот Рекет…

Водителката во сведочењето кажа дека дала донација за „1ТВ“ од 25 илјади евра бидејќи сакала да помогне.

„Сакав да помогнам“, рече водителката.

Лила истакна дека дала 500.000 денари позајмица на “БМЈ МЕДИА ГРУП.” а никогаш не примила пари од истата.

Сведочењето за случајот ќе продолжи со испрашување на четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал. 

За денеска е предвидено да сведочат и Сања Димовска, Агапи Дика и Весна Костовска.

За потсетување, водителката Лила Филиповска, беше онаа која беше затекната заедно со Боки 13 во автомобилот кога на 15 јули Бојан Јовановски сакаше да ја напушти државата со полна торба пари.

Бојан Јовановски беше уапсен на 15 јули на граничниот премин Богородица. Тој се обиде да ја помине границата и да ја напушти државата со полна торба пари а со него биле Лила Филиповска и по претпоставка на медиумите кои тогаш шпекулираа познатата новинарка Анета Кочишки.

Ова не е прво сведочење за Лила, таа во судницата се појави и на 2ри, септември 2019 година.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести