Имаше толку многу нарачки што пицериите мораа да направат список на чекање, а најбарани беа пицените Маргерита и Маринара, кои беа наједноставни во составот.

Објавил: admin@magazin | 30 април, 2020 22:39

ЛУДИЛО ВО ИТАЛИЈА: Во Неапол за еден ден граѓаните изеле 60.000 пици, откако владата дозволи на пицериите да доставуваат храна!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За еден ден, граѓаните во Неапол нарачале и изеле 60 000 пици, откако италијанската влада, како дел од справувањето со забраните за епидемија, им дозволи на пицериите да доставуваат храна на домашна адреса.

Имаше толку многу нарачки што пицериите мораа да направат список на чекање, а најбарани беа пицените Маргерита и Маринара, кои се наједноставни во составот.

Пицата е една од најпознатата брза храна во светот, беше храна на сиромашните во јужната италијанска провинција Кампанија.

Според некои историчари, пицата е родена уште во антички Рим, кога на војниците кои се бореле за империјата им се давало брашно и некоја друга храна, а морале да сфатат како да направат оброк за себе.

Пица е гастрономски специјалитет на италијанската кујна, најчесто направен од тенко, округло тесто на кое покрај сосот од домати можат да се најдат разни видови сирење, месо, зеленчук, овошје, зачини и други состојки во зависност од вкусот. Инвентивноста на вкусот може да се надополни и со креативноста на распоредот на самите состојки на пицата кои можат да бидат распоредени во форма на орнаменти или други интересни фигури. Инаку, ова јадење се смета како особена карактеристика за наполитанската кујна.

Пицата доби светска слава во Америка во осумдесеттите години на минатиот век, каде почнаа да ја прават и продаваат сиромашните италијански имигранти. Скоро секој италијански регион има своја посебна пица.

Како подлога за пица обично се употребува тесто од класично брашно (тип 500). Тестото се прави од брашно, свеж или сув квасец, млака вода, сол, шеќер и маслиново масло. По мешањето на смесата, тестото се остава да отстои најмалку 3-4 саати и потоа се прави тенка подлога со дебелина од 0,5-1cm. На така подготвената подлога се ставаат останатите состојки на пицата: доматен сос, свеж домат, сирење (најдобро моцарела), шунка, шампињони и слично. Многу состојки на пицата се ставаат по печењето, со цел да се зачуваат вкусот и формата (пршута, јајца, маслинки, пармезан, зачини итн).

Исто така, некои состојки се подготвуваат посебно и се додаваат на готова пица, како на пример разни видови зеленчук и морски плодови. Кога е сѐ подготвено, пицата се става на печење. Рерната мора да биде максимално загреана со цел тестото веднаш да почне да се пече и да не ги впие состојките кои се на него. Кога сирењето ќе се растопи и тестото ќе ја смени бојата, пицата е готова. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.