Се бара и еден помлад асистент за данок на добивка, со истите квалификации како и претходникот, со или без работно искуство во струката, и истата плата од нешто повеќе од 30 илјади денари. Тој треба да биде Албанец.

УЈП распишала оглас и за еден виш даночен референт за даночно сметководство, кој треба да има најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно - економско, трговско или дактилографско и најмалку две години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 22.739 денари, и тој треба да биде Албанец.

Се бара и еден асистент за анализа на ризик и планирање на контроли, со Економски или Правен факултет, со најмалку една година искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33.322 денари, а согласно годишниот план на УЈП тој треба да биде Турчин според етничката припадност.

УЈП ќе прима и помлад систем администратор, со високо образование од областа на електротехниката, компјутерската техника и информатика, или информатка, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде околу 30 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Албанец.

Во Управата ќе се прима и еден помлад даночен оператор во повикувачки центар, со најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, стопанско или трговско, со или без работно искуство во струката. Ќе зема плата од нецели 20 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Ром.

Потоа, во огласот се бараат тројца помлади асистенти за услуги во приемна канцеларија, со високо образование од областа на јавната управа и администрација, или правни науки или политички науки, со или без работно искуство во струката. Платата на сите овие тројца нови кадри ќе биде нешто над 30 илјади денари, а согласно годишниот план треба да бидат Албанци.

УЈП вработува и еден самостоен даночен агент за услуги во приемна канцеларија, сонајмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, техничко или трговско, со најмалку три години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 29.179 денари, а според етничката припадност треба да биде Србин.

Објавил: Перо Милчин | 21 јануари, 2022 19:35

Македонија мајка за Албанците а маќеа за Македонците

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/фактор

Македонските граѓани во својата сопствена држава постанаа граѓани од втор ред!

Пред неколку дена Агенцијата за администрација распишала оглас за вработување на 40 нови службеници во УЈП.

Се бараат најразлични профили на кадри – асистенти, соработници, референти…а нивните плати главо ќе бидат или 30.037 денари, или 33.332 денари, иако за некои вработувања се предвидени и нешто пониски месечни примања, но тие работни места се значително помалку на број.

Од овие 40 вработувања, за 25 работни места како услов во огласите е наведено дека треба да бидат Албанци по националност, пишува Фактор.мк!

Се објаснува дека тоа е предвидено согласно годишнот плн на институцијата што вработува, односно Управата за јавни приходи. 

Потоа, четворица од оние што ќе се примаат ќе бидат Македонци, а четворица Турци според својата етничка припадност. Тројца од нововработените се педвидува да се Роми, двајца Срби, еден Бошњак и еден од друга националност.

Онака како што е наведено во огласот, ќе се прима еден помлад асистент за модернизација. Неговата плата ќе биде нешто над 30 илјади денари, или прецизно 30.037 денари. Нивото на квалификации треба да му биде високо образование од областа на правните или економските науки, а може да биде со или без работно искуство во струката. Согласно застапеноста на кадри според националноста, тој треба да биде Албанец.

Предвидено е да се вработи и еден помлад асистент за управување со ризик кај усогласеноста. За да се поријави лицето за оваа работа треба да биде дипломиран економист,со или без работно искуство во струката. Ќе има плата од нешто над 30 илјади денари, и исто така треба да биде Албанец според етничката припадност.

За истата таа плата ќе работи и помладиот асистент за персонален данок на доход, кој треба да има високо образование од областа на економските и правните науки, или пак организациони науки и управување, односно менаџмент, со или без работно искуство во струката. Согласно планот, според етничката застапеност тој треба да биде Бошњак.

Се бара и еден помлад асистент за данок на добивка, со истите квалификации како и претходникот, со или без работно искуство во струката, и истата плата од нешто повеќе од 30 илјади денари. Тој треба да биде Албанец.

УЈП распишала оглас и за еден виш даночен референт за даночно сметководство, кој треба да има најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, трговско или дактилографско и најмалку две години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 22.739 денари, и тој треба да биде Албанец.

Се бара и еден асистент за анализа на ризик и планирање на контроли, со Економски или Правен факултет, со најмалку една година искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33.322 денари, а согласно годишниот план на УЈП тој треба да биде Турчин според етничката припадност.

УЈП ќе прима и помлад систем администратор, со високо образование од областа на електротехниката, компјутерската техника и информатика, или информатка, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде околу 30 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Албанец.

Во Управата ќе се прима и еден помлад даночен оператор во повикувачки центар, со најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, стопанско или трговско, со или без работно искуство во струката. Ќе зема плата од нецели 20 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Ром.

Потоа, во огласот се бараат тројца помлади асистенти за услуги во приемна канцеларија, со високо образование од областа на јавната управа и администрација, или правни науки или политички науки, со или без работно искуство во струката. Платата на сите овие тројца нови кадри ќе биде нешто над 30 илјади денари, а согласно годишниот план треба да бидат Албанци.

УЈП вработува и еден самостоен даночен агент за услуги во приемна канцеларија, сонајмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, техничко или трговско, со најмалку три години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 29.179 денари, а според етничката припадност треба да биде Србин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести