Од МВР информираат дека продолжуваат да спроведуваат дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните

Објавил: Македонка Димкин | 15 февруари, 2019 21:02

Македонија соочена со терористички напад од ИСИС?

Фото/Текст извор: ©мвр / магазин

Македонската полицијата  денес спровела оперативно-тактички мерки и претреси на неколку локации поврзани со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на нашата држава од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС.

» Министерството за внатрешни работи по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот. Со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, Министерството за внатрешни работи изготви план на мерки и активности, за што обезбеди соодветни наредби за нивно спроведување, информираат од МВР.

По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад известуваат од македонската полиција.

Од МВР информираат дека продолжуваат да спроведуваат дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните


„Нема да уживаме во животот сè додека не ги ослободиме сите муслимани секаде, додека не си ги вратиме Ал-Кудс (Ерусалим) и Ал-Андалуз (Андалузија во Шпанија) и додека не го освоиме Рим“, рече во 2013 портпаролот на ИСИС, шеикот Абу Мохамед ал-Аднани.

Најголемата цел на ИСИС е глобален калифат, кој ќе се постигне преку глобална војна. Тоа е желба за проширување на териториите и надвор од Блискиот Исток, вклучувајќи ги и Европа и САД. Глобалната војна во пропагандата на ИСИС е наречена „војна против неверниците“.

Нивната пропаганда се потпира на различни толкувања на Коранот и на други верски текстови, а притоа користат трикови за да ги убедат следбениците дека она што тие го сакаат навистина е изводливо.

ИСИС често го користи своето онлајн-списание Дабик, во кое ги изнесува своите визии. Името на списанието не е случајно – Дабик е град во северна Сирија во моментов под контрола на ИСИС, каде што, според едно исламско пророштво, армиите на Рим ќе се соберат за да се соочат со армиите на исламот.

Пророштвата се клучни за ИСИС. Токму од нив произлегува и верувањето дека исламските армии се тие што на крај ќе ги освојат Ерусалим и Рим.

Идеолозите на ИСИС постојано го цитираат Коранот во оформувањето на визиите на групата. Не ги интересира тоа што мнозинството муслимани – дури и мнозинството џихадисти – го гледаат нивното толкување на Коранот како манипулација и искривување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...