Сани ги демантираше сите шушкања за наводната афера со Аца Лукас.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јуни, 2019 21:07

Македонската фолкерка конечно ја откри вистината: Го шармирав Аца Лукас со мојот глас“ (видео)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата македонска фолк пејачка, Сања Сани Гроздановска која моментално е најпозната и најбарана во скопските кафеани открива со какви се предизвици се соочувала во текот на својата кариера.

Сани е мајка на две деца и е во брак со Мартин Гроздановски

Сани настапува во скопските кафеани од понеделник до понеделник а во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ , таа откри дека за време на настапите и долгогодишната кариера имала и непристојни понуди кои вообичаено доаѓале од пијани гости.

„Охо, имав 100 000 непријатни ситуации. Меѓутоа, знам како да се справам во вакви ситуации. Не сум од вчера во овој бизнис. Веќе 10 години, така да знам како треба со таквите луѓе“ вели пејачката.

Во интервјуто таа вели дека до сега нема направено никаква хирушка интервенција на себе, но во блиска иднина има план да направи корекција на устата.

По сите пишувања за наводната афера со српскиот фолк пејач Аца Лукас, таа реши да стави крај на озборувањата и изјави дека успеала да го шармира единствено со своите вокални способности, односно со своето пеење.

„Јас Аца Лукас не го шармирав на љубовен план, го шармирав со пеење. Не му се верувало дека некој во Македонија има таков целосен пакет. Не сум го освоила на љубовен план, како што се пишуваше. Разговаравме околу песната, околу кариерата, околу настапите, ме праша кога ќе снимам во Србија. Па, можеби ќе излезе некој дует. Не се знае“ вели пејачката за Бекстејџ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.