Боби во својот статус на Фејсбук посочува дека и покрај тоа што внимавал и ги почитувал мерките, вирусот не го одминал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2020 10:36

Македонскиот пејач позитивен на Ковид-19: „Се чував, но залудно!“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски пејач Боби Павловски, кој е еден од милениците на женската публика, е позитивен на оронавирус. Имено тој вчера на својот профил на Фејсбук ги извести своите пријатели дека се инфицирал со коронавирусот.

Боби во својот статус на Фејсбук посочува дека и покрај тоа што внимавал и ги почитувал мерките, вирусот не го одминал.

Пејачот апелираше до фановите да носат маски и да држат дистанца.

-Пријатели, колеги, соработници, морам да ве известам дека за жал мојот тест за ковид е позитивен, покрај сите витамини, мерки и пазења, маски, дезинфекции, сепак стигна и до мене. Носете маски, држете дистанца, ако имате симптоми, пријавете, тестирајте се, седете дома, не ја ширете заразата, бидете совесни. Се надевам дека се ке помине најдобро. Пазете се и чувајте се , напиша Павловски на својот профил.

Инаку Боби до сега има четири свои песни, а најчесто може да се слушне во некое од скопските кафулиња како ги забавува своите фанови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.