Христијан, ниту како да постапиме со дете кое чекори многу понапред од својата генерација - раскажува Борка.

Објавил: admin@magazin | 7 јуни, 2019 21:52

МАЛИОТ МАКЕДОНСКИ ГЕНИЈ: Христијан Арсов, детето со IQ 154 за кое државата нема чаре!

Фото/Текст извор: ©ohrid vest

Христијан Арсов, детето со IQ 154 за кое државата нема чаре.

Покрај тоа што му е досадно на часовите, Христијан не одбивал да оди во училиште. Тој е исклучително дружељубив и сака да биде со деца, но програмата е премногу лесна за него.

Материјалот за 4. одделение го совладал уште пред да тргне на училиште.

Здраво, јас сум Христијан Арсов, имам осум години и ќе ви кажувам како настанал универзумот. Ќе ви кажам сè за галаксии, за ѕвездите. Кога имав шест години, почна да ме интересира астрономијата.

Си гледам вакви видеа на интернет, некои сум ги гледал и по десет пати. Некогаш кога ми е досадно, си гледам и цртани. И на училиште некогаш ми е досадно, па почнувам да им кажувам за овие работи на другарчињата. Им кажувам сè повеќе и повеќе, па тие велат дека им е сè подосадно и подосадно…

Веќе на 4 години Христијан бил целосно описменет. Сам читал книги и решавал задачи за деца од 4. одделение. Неговите родители се обиделе да го запишат во школо за да го насочат неговиот развој, но и да го спречат евентуалниот јаз – ако Кико тргне на училиште на 7 години, а веќе има знаење како за дете од 5. или 6. одделение.

– Добивме негативен одговор, со образложение дека детската игра е исто толку важна колку и училиштето. За жал, не добивме насоки каде да го упатиме Христијан, ниту како да постапиме со дете кое чекори многу понапред од својата генерација – раскажува Борка.

Прваче само еден месец
Првото тестирање на коефициентот на интелигенција на Христијан било кога имал 5 години и 11 месеци. Тестирањето покажало глобален IQ 132. На второто тестирање на 6 години и 8 месеци веќе имал глобален IQ 145, а на третото тестирање на 7 и пол години – глобален IQ 154.
Кико бил прваче само еден месец. Веднаш го префрлиле во второ одделение. Тоа е единствениот начин кој законски може да го забрза неговиот интелектуален развој во основното образование. Законски ќе има уште шанса кога ќе биде средношколец и ќе може да прескокне уште едно одделение.
Луѓето позитивно реагираат на достигнувањата на Кико, уште повеќе што тој е исклучително непосредно дете со огромна желба секому да му ги пренесе своите знаења. Често го препознаваат Кико кога е на јавни места со семејството.

– Луѓето се полни со разбирање бидејќи едноставно знаат дека во отсуство на општествен пристап кон вакви феномени, индивидуалниот пристап е од големо значење. Неодамна ни пристапија од Фондот за иновации и технолошки развој и го поканија Христијан да учествува на трибината за развој и поддршка на талентирани деца. Од оваа трибина треба да произлезе и дефинирање на националниот концепт за системот и процесот на поддршка и развој на талентирани деца.

На прашањето како родители, каде би сакале да го видат своето дете за десет години, Борка и нејзиниот сопруг велат:

– Би сакале да го видиме Кико пред сè пораснат како чесен, добар и достоинствен човек. Со здрави принципи, застанат цврсто на земја и полн со љубов кон луѓето и универзумот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...