Празни јарболите во повеќе градови

Објавил: admin@magazin | 27 април, 2019 10:59

Македонското знаме исчезна и од Струга

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонското знаме е симнато од јарболот во Струга, а претходно тоа се случи во повеќе градови и општини низ Македонија.

Инаку, тоа не може да го направи било кој, без одлука на властите.

Јарболот на кој стоеше државното знаме се наоѓа во кругот на МВР Струга.

Празни се  јарболите и на Водно во Скопје, во Охрид, во Неготино, Струга и во повеќе други општини. На патот кон Охрид се веат албански знамиња, и во општините каде што поголем дел од населението се Албанци.

Македонското знаме беше отстрането и од  Струга, но ова не е прв случај. Инаку на денот на албанското знаме, Струга беше преплавена од албански знамиња, а македонското државно знаме никаде не беше поставено, што предизвика бурни реакции кај ВМРО, но власта и во тој случај не реагираше.

Истата глетка беше и во Тетово, Гостивар,Кичево, а за 8 септември, големиот државен празник Илинден, и за останатите државни празници во овие градови воопшто не се поставува македонско знаме на јарболите иако тоа е предвидено со Закон.

Ваква случка минатата година имаше и во Долнени, од каде беше симнато Македонското знаме, од јарболот пред општината,а јарболите на кои се вееа Македонски знамиња низ државата веќе подолго време намерно се уништуваат, или пак се вадат знамињата, а нови не се поставуваат. Од Долнени тогаш реагираа дека Градоначалниците на СДСМ одат дотаму што со бела боја ги прекриваат и Македонските обележја на државните институции и јавни места.

Но за жал ваква е и состојбата во скопски Чаир, каде исто така за ниту еден државен празник не е поставено државно знаме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести