Македонско ќофте одличен рецепт за вашите пријатели.

Објавил: admin@magazin | 7 февруари, 2019 22:04

Македонско ќофте во доматен сос

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Вкусни Македонски ќофтиња кои се дел од Македонската традиционална кујна.

Македонско ќофте се состои од мелено јагнешко, овчо, телешко или говедско месо, или пак мешавина на некои од овие видови месо со зачини. Најчесто се користат магдонос и нане. Ќофтињата се печат или варат и премногу се вкусни.

Ставете на ќофтињата сечкан магдонос и послужете топло. Можете да ги сервирате и со ориз.

Потребни состојки:

500 г мелено месо
1 голема главица кромид
Сол, црн пипер
½ лажичка мелен ким½ лажичка мелена лут пипер (чили) или црн пипер
1 лажица сечкан магдонос

Сос

500 г доматен сос/ домати од конзерва
1 чешне лукче или повеќе
1 лажичка мелен лут пипер (чили) или црн пипер
1 лажичка коријандер
Сол, црн пипер

Постапка:

Кромидот исечкајте го ситно или изрендајте го, па пропржете го на масло да стане стаклест.Во длабока чинија ставете го меленото месо, додадете го динстаниот кромид и зачините. Сето убаво изедначете и оставете половина час во фрижидер. Потоа обликувајте мали топчиња и пржете ги во загреано масло.

Ќофтињата вадете ги на чинија, а истото масло пропржете ситно сечкано лукче, додадете коријандер во зрно, мелена лута пиперка и сечкани домати од конзерва.
Сето гответе го 10-тина минути додека да згусне сосот. Ставете ги ќофтињата во сосот и гответе уште неколку минути. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.