Иако првично се сметаше дека само 1.5 милион жители на САД ќе бидат евакуирани, бројката се искачи на 7 федерални држави, 10 милиони луѓе и 6 нуклеарни централи во опасност

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 11:24

Масовни евакуации во Северна и Јужна Каролина, ураганот Флоренс закана за 10 милиони луѓе

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ураганот Флоренс стигна до брегот на Јужна и Северна Каролина носејќи силни ветришта и обилни дождови.

Флоренс е закана за 10 милиони луѓе, а милион веќе се евакуирани од крајбрежниот појас на Северна и Јужна Каролина и сојузната држава Вирџинија, што предизвика километарски гужви и застои на патиштата кон запад. Најмалку 12.000 лица побарале сместување во 126 засолништа.

Вонредна состојба е прогласена во државите Џорџија, Јужна и Северна Каролина, Вирџинија, Мериленд и Вашингтон. И покрај повиците, дел од населението одби да се евакуира.

Силниот ураган предизвика поплави на улиците, кои се речиси еден метар под вода, а предизвика и прекин на електричната енергија. Областа е зафатена и со силни ветрови со брзина од 155 километри на час. Иако јачината на ураганот Флоренс од 4 категорија се спушти на 1, тој сепак претставува сериозна опасност за населението.

Во американската сојузна држава Северна Каролина најтешко погоден е крајбрежниот град Њу Берн, каде што има извештаи за граѓани отсечени во поплавени населби. Околу 12.000 објекти, главно на брегот на Северна Каролина, се без електрична енергија.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, нареди евакуација на илјадници жители од најизложените крајбрежни подрачја.

Флоренс предизвикува ветрови со брзина од 175 километри на час и поројни дождови, при што процените се дека на места ќе паднат до 75 сантиметри дожд. Илјадници домови се оставени без струја, а граѓаните се подготвуваа за бурата што доаѓа со набавување резерви на храна и вода за пиење.

Компанијата Дјук енерџи, најголемата мрежа за електродистрибуција во Северна и Јужна Каролина, предвидува дека поради ураганот Флоренс, од прекин на електричната енергија ќе бидат погодени меѓу милион и три милиони потрошувачи. Ангажирани се над 20.000 работници, кои ќе работат на воспоставување на снабдувањето со струја.

Најмалку 88 илјади лица останаа без струја во Северна Каролина, каде што ураганот се уште не ни удрил со сета своја сила. Се очекува дека без струја ќе останат милиони луѓе, а обновата на мрежата ќе трае со недели.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести