Маја за ќерките Надица и Марија, изјави дека и двете имаат афинитети кон музиката и кон модерниот танц. Надица покажува талент за јазици и студира на Филолошкиот факултет.

Објавил: Весна Петровска | 15 ноември, 2019 14:11

МАЈА И ДАРКО ГОРДИ НА СВОЈАТА ЌЕРКА: Убавицата стана познат модел

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Маја и Дарко Панчеви се горди родители на две прекрасни ќерки Надица и Марија.

Маја за ќерките Надица и Марија, изјави дека и двете имаат афинитети кон музиката и кон модерниот танц. Надица покажува талент за јазици и студира на Филолошкиот факултет.

Помалата Марија е вистинска убавица и веќе се остварува во професијата модел. Имено таа е дел од модното студио „Моделс Ин“.

Фотографиите на нејзиниот профил на Инстаграм се доказ за нејзиниот талент и природна убавина.

Маја во едно дамнешно интервју изјави дека во домот на Панчеви владее вистинска хармонија.

“Во принцип кај нас дома секогаш е весело. Дарко е позитивен лик, а таквите се и ќерките. И двете имаат огоромен талент за пеење, а помалата веќе е дел од хорот на “Златно славејче”. Кога ја гледам неа, како да се гледам себеси во тие години. Постарата уште не покажала желба и интерес за да сними нешто, но доколку се одлучи за таков чекор, ќе добие максимална поддршка од мене. Ете, и двете повеќе сакаат да пеат отколку да играат фудбал”, низ насмевка на лицето прокоментира пејачката и сопруга на ексфудбалерот Дарко Панчев, која откако стана мајка, кариерата и е во втор план.

“Не дека ја запоставив мојата кариера, но повеќе сум посветена на семејството и нивните потреби. Колку што можам снимам, настапувам секој петок во нашето кафуле, а и не сакам да снимам нешто тукутака, сакам она што ќе го направам да биде квалитетно и издржано”, додаде Маја која деновиве го прослави полнолетството на постарата ќерка Надица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.