Против Али Фуркан и Ангела Ѓоргиевска полицијата поднесе кривични пријави, а обвинителството покрена истрага само против Фуркан.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 јуни, 2019 0:55

МАЈКАТА НА ПИНО СО НОВА ОБЈАВА: Овие ми го убија синчето, АЛИ ФУРКАН И АНГЕЛА ЃОРЃИЕВСКА!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Маја Трпковска, мајка на убиениот Пинета Секондо на својот Фејсбук профил го објави името на осомничениот за убиството, Али Фуркан, кој е во бегство.

Против Али Фуркан и Ангела Ѓоргиевска полицијата поднесе кривични пријави, а обвинителството покрена истрага само против Фуркан. Тој е сеуште во бегство, но одреден му е притвор во отсуство. На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM. 

Пред неколку минути мајката на Пино, Маја Трпковска напиша трогателен статус.

„Ми го убива детето, има докази а никој не e во ЗАТВОР!!! ОРОСПИАТА АНГЕЛА ЃЕОРЃИЕВСКА Е ДОМА!!! Лугееее нормални сте или не нормални!!! Алооо ДРЖАВА МАКЕДОНИА !!! АЛОО!!!! ОРОСПИАТА АНГЕЛА ЃЕОРЃИЕВСКА Е ДОМА!!! КОСКИТЕ ОД МОЕТО ДЕТЕ СЕ ВО КУТИА!!!!! ДРЖАВООО КАДЕ СИ!!!!

Според профилот на Фејсбук на Фуркан, тој работел како менаџер во австриска фирма за спортска облека „Сатекс“ и дека е роден во Богота, Колумбија.

Ангела Ѓорѓиевска според првичните информации од обвинителството е замешана во мамката во која влегол Пино.
Таа е ќерка на возач, дете на разделени родители и проблематична девојка заглавена во многу незгодни друштва и пороци. На нејзиниот профил до скоро имаше поставено и главна слика на која има девојка и момче со пиштол и крв. Девојката била на полиграф но го поминала.

Имено, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје.

На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести