Депонијата "Мегленци" низ годините е редовна "мета" на опожарување но и одгледување свињи кои "завршуваат" на домашните трпези

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 7:35

“Мегленци” не е само депонија туку и свињарник

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На битолската депонијата “Мегленци” во општина Новаци покрај тоа што има тони ѓубре и глутница од кучиња има и педесетина свињи кои како што јавува екипата на 21ТВ се пуштале за гоење а потоа се продавале на добиточните пазари.

Новинарската екипа од соговорниците дознала дека свињите двапати годишно се пуштаат да пасат кај депонијата.

Никој од надлежните инспекторати ниту еднаш досега години наназад не презел ништо за да го оневозможи одгледувањето животни наменети за човечка исхрана на една ваква депонија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести