Таа нагласи дека и двете земји на патот кон ЕУ се движат во различен правец  зависност од успесите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јануари, 2020 12:13

Меркел: Албанија и Македонија припаѓаат во иста група

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите со ЕУ.

Меркел смета дека двете земји кандидати не треба да се одвојуваат, но дека би можеле да одат по одвоени патишта откако ќе ги почнат преговорите.

Таа нагласи дека и двете земји на патот кон ЕУ се движат во различен правец  зависност од успесите.

Сметам дека Албанија и Северна Македонија припаѓаат кон истата група. Ги имаме Србија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, и конечно ги имаме Босна и Херцеговина и Косово- каде имаме една поинаква ситуација. Затоа сметам дека доколку сме фер, обете земји треба да започнат преговори, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси, рече Меркел.

Меркел напомена дека нашата држава со промената на името во „Северна Македонија и со решавањето на спорот за името направи неверојатен скок.

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се движат по различни шини во зависност од успесите. Во случајот на Северна Македонија, со решавањето на спорот за името беше направен неверојатен скок затоа што тоа прашање беше причина за блокада“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.