Канцеларката на церемонијата на именување на нов министер за правда, стоејќи до претседателот Франк-Валтер Штајнмајер повторно не изгледаше добро и се тресеше.

Објавил: Весна Петровска | 10 јули, 2019 16:24

Меркел повторно не се чуствуваше добро

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Ангела Меркел и денеска пред камерите повторно не се чуствуваше добро.

Канцеларката на церемонијата на именување на нов министер за правда, стоејќи до претседателот Франк-Валтер Штајнмајер повторно не изгледаше добро и се тресеше.

На Меркел и била понудена чаша вода, но таа одби.

Дел од медиумите објавија дека Меркел по половина час пристигнала во Парламентот и изгледала добро.

Речиси истата сцена се одигра и додека Меркел го пречекуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, десет дена претходно.

Меркел стоеше веднаш до Зеленски на сонце додека воениот бенд ги свиреше химните на Германија и Украина кога почна да се тресе.

По интонацијата на химната, таа делуваше подобро.

„Испив најмалку три чаши вода, кои очигледно ми беа потребни, и сега ми е многу добро“, рече тогаш Меркел.

На крајот на дводневниот Самит на Г-20 во Осака, Меркел рече дека ги разбира прашањата на новинарите за нејзиното здравје, но истакна дека се чувствува добро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.