Ана е една од најуспешните жени во Македонија а потекнува од уметничко семејство. Следејќи ги стапките на мајка си  која исто така била балерина, Ана започнала да игра балет уште кога имала 9 години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 ноември, 2019 19:55

Ме освои со шармот и харизмата, многу е романтичен иако не изгледа така- Ана Мијалкова искрено за сопругот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Речиси сите ја препознавааат Александра Мијалкова, сопругата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и позната македонска балерина.

Ана и Сашо Мијалкови…

Ана е една од најуспешните жени во Македонија а потекнува од уметничко семејство. Следејќи ги стапките на мајка си  која исто така била балерина, Ана започнала да игра балет уште кога имала 9 години.

Во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ Мијалкова раскажува за бракот со Сашо Мијалков. Открива каков е тој како сопруг и вели дека е доста романтичен.

На прашањето со што нејзиниот сопруг успеал да ја освои, Александра вели дека “виновникот” е токму неговиот шарм:

“Ме освои со неговиот шарм и харизма што ја има. Излегувавме и се дружевме заедно, ми беше убаво”.

Во интервјуто се присетува на еден драг момент, можеби и клучниот со кој Сашо Мијалков го заробил нејзиното срце.

Александра зборува за букетот и телеграмата кои Сашо ги испратил директно од Прага за да ја изненади на сцената, кога таа имала само 18 години:

“На крајот од претставата кога се поклонувавме, тој не беше тука бидејќи студираше во Прага во тоа време, јас добив букет и телеграма за кои не очекував дека се од него. Подоцна кога ја отворив телеграмата, помислив дека е од некој друг, но кога видов дека е од него, многу се израдував – тоа беше прекрасно чувство”, вели Александра.

Таа за сопругот вели дека е многу романтичен, иако не личи на таков човек:

“Таква беше неговата професија, но надворешниот лик не е тоа што кажува какви се луѓето”.

Во интервјуто за Бекстејџ Ана открива како успева да се избори со секојдневието, како ги балансира работите, за посветеноста на балетот и за тајната на долгата и успешна врска. Во продолжение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.