Мигрантската криза повторно го зема својот замав

Објавил: Узунов Бобан | 7 април, 2019 9:35

Мигрантите во Грција предизвикуваат хаос за влез во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин

Стотици мигранти се судрија со полицијата, фрлајќи камења кон нив, во обид да се пробијат кон Македонија. Отворете ја границата, извикуваа стотиците мигранти околу кампот Диавата, 60 километри од македонската граница oткако повторно ја запалија тревата околу кампот. 

Освен во Солун, напнато е и во Атина..Таму синоќа околу триста луѓе ја окупираа железничката станица Ларисис, барајќи да им биде овозможено да заминат кон Северна Грција. Тие се вратени во прифатните центри, но како што велат, не се откажуваат од патот кон Европа. 

Во поглед на мигрантските кризи мора да се навикнеме на новата реалност, а тоа е дека таа опасност може да се создаде преку ноќ и дека таа ќе биде веројатно една од стандардните опасности и за нас меѓутоа и за сите земји во регионот. 

“Земјава е подготвена да се соочи и со зголемување на притисокот на бегалци на македонско-грчката граница, уверува министерката Радмила Шеќеринска. Министерствата за одбрана и внатрешни работи ја следат состојбата на границата со Грција, но важно е во секој момент да се биде буден и подготвен“, вели Шеќеринска.

Со оглед на тоа дека на грчката територија има повеќе од 70.000 мигранти кои имаат намера да се движат кон западните европски земји може да се претпостави дека ќе имаме одредена криза и во Македонија, вели универзитетскиот професор Злате Димовски.

Тој не исклучува нов бран бегалци од кризните жаришта,особено од Авганистан.

На границата со Македонија има околу 1.500 мигранти. Тие тргнале откако на социјалните мрежи се рашириле лажни вести за наводно отворање на балканската рута до Европа. 

Дали изјавата на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска дека мигрантската криза е реалност, е всушност подготвување на македонската јавност дека ќе мора да се навикне на сликите на мигранти кои повторно ќе ја преминуваат македонско-грчката граница ил пак Владата има некоја друга стратегија за решавање на овој проблем ?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести