Спасовски од Брисел по договорот со ЕУ изјави дека границите се заштитени

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 јули, 2018 13:00

Мигранти на секој ќош

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Само во текот на изминатите 24 часа во неколку полициски акции во возило уапсени се 18 мигранти на патот кон Куманово но и 10 мигранти кои безбедносните единици ги пронашле на автобуската станица во Гевгелија.

И во двата случаи се работи за мигранти кои во Македонија илегално влегле од Србија.

Ова заедно со случаите кои се откриваат изминатите 2 месеци е алармантен податок дека и покрај изјавите на министерот Спасовски дека граничните единици не штитат од мигранти и дека за тоа како партнер ги има и полициските сили од ЕУ – во Македонија мигрантите илегално влегуваат секојдневно и слободно се движат по нејзината територија.

Така се отвора сомнеж дека можно е да постои и вмешаност на полициски поединци кои го помагаат илегалниот транзит на мигрантите. Ова во својот извештај за минатата година го истакна и правобранителството на Македонија кое изрази и сомнеж дека во дел нелегалната миграција има помош и од одреден број припадници на полицијата:

“За разлика од 2016 година – од лани значително се зголеми бројот на нелегално влезени мигранти во Македонија – што упатува на сомневање за вмешаност на полицијата во овој криминал“ – истакна тогаш заменикот-народен правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.