Тој ексклузивно за македонскиот портал Курир изјави дека Скопје му е многу драго место, град кој го поврзува со многу спомени и драги пријатели , но  позитивната енергија која македонската публика  му ја дава е една и од големите причини што тој повторно се враќа во Македонија

Објавил: Весна Петровска | 13 мај, 2019 18:02

Миленикот на жените открива: Ова е причината која постојано ме враќа во Македонија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ допатува во Скопје, каде го најави престојниот голем спектакуларен концерт кој ќе се одржи на Градскиот Стадион на 15 – ти јуни.

Тој ексклузивно за македонскиот портал Курир изјави дека Скопје му е многу драго место, град кој го поврзува со многу спомени и драги пријатели , но  позитивната енергија која македонската публика  му ја дава е една и од големите причини што тој повторно се враќа во Македонија.

Тој зборуваше за македонската традиција, посочувајќи колку ја сака македонската песна, македонската храна.

Здравко Чолиќ важи за една од најголемите, а можеби и најголемата музичка легенда од времето на СФРЈ. Со неговите хитови „Пусти, пусти моду“ , „Писаќу јој писма дуга“ , „Мало појачај радио“ и други, ги натера неговите обожаватели да се внесат во тој свет на музиката на Чолиќ. Со неговите концерти низ цела Југославија создаде вртоглавица кај неговите обожавателки. Денес Здравко Чолиќ, по паузата за време на војните во регионов, повторно ја потсетува неговата публика на старите хитови, а создава и нови. Настапува по цела година и насекаде: Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, Австрија, Швајцарија, САД, Канада… Еден од неговите најголеми концерти беше во 2007 на стадионот Маракана во Белград каде собра неколку десетици илјади публика, а концертот го заврши со песната „Пјесмо моја“ и спектакуларен огномет над Белград.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Скромна, ненаметлива, повлечена, насмеана, со многу малку, речиси ништо познато од нејзиниот приватен живот, со однесување несвојствено за пејачка која претставува ѕвезда од конкретниот калибар. Спирова засекогаш се повлече од естрадната сцена во почетокот на 80-тите години и веќе претставува дел од македонското музичкото минато.

Почина легендарната македонска пејачка Нина Спирова!

Денеска на 82-годишна возраст, почина легендарната пејачка Нина Спирова. Нина Спирова (Прилеп, 26...

Во моментот Горан пишува театарска музика, а светот го запозна кога музиката на „Анастасија“ беше ставена на саундтракот на македонскиот филм „Пред дождот“, во режија на Милчо Манчевски

Горан Трајкоски Македонски музичар со харизма и срце!

Македонскиот музичар Горан Трајкоски по успешниот концерт што во рамките на ланскиот...

Прераната смрт на Тоше Илиевски му ги скрати соништата и го одвои од музиката.

Биди силна до крај – песната која Тоше Илиевски не успеа да ја испее, па во аманет ја остави на неговиот колега

Тоше Илиевски, момчето за кое цела Македонија се крена на нозе да помогне во неговото...