Забраната материјалите да стигнат до пратениците дава сомнеж дека Заев, Димитров и Џафери имаат нешто да сокријат рече Антонијо Милошоски на ТВ Алфа

Објавил: Македонка Димкин | 30 јули, 2018 22:09

Милошоски: Аргументот на заканување е аргумент на луѓе кои се свесни дека народот е позрел.

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Антонијо Милошоски во гостувањето во „Отвореното Студио“ на Алфа ТВ рече дека аргументот на заканување и заплашување е аргумент на луѓе кои се свесни дека народот е позрел.

Тој додава дека неможејќи да се убеди народот дека договорот од Нивици е добар, се служат со заканување.

Милошоски понатаму рече  и дека Македонија кога ќе стане членка на НАТО никој не го гарантира внатрешниот поредок. Како најдобар пример за тоа тој ги посочи Велика Британија и Турција каде и покрај проблемите што ги имаа тие држави не интервенираше НАТО.

Тој што се заканува денес и утре ќе има таква лантетна намера да го прави тоа и во иднина. Таквото однесување е несериозно и ја потценува интелегенцијата на граѓаните. Стравот кој им се прави на граѓаните нема да ги убеди дека договорот е добар. Членството во НАТО е подобрување на имиџот на државата. Голема лага е дека само по себе нашата економија ќе биде подобра. НАТО нема да го средува образованието или да ги собира даноците. НАТО нема да ги поканува ниту странските инвеститори. Грција е најдобар пример. Таа е една од постарите членки на НАТО а дефакто банкротираше. Ако вашата елита наместо да води проекти и ако не работи добро вашата влада и вашиот градоначалник тогаш нема успех.

Милошоски се осврна и на тоа дека некои повикуваа доколку нема договор и доколку не влеземе во НАТО ќе има војна.

Тој притоа посочи дека имаме рамковен договор, заеднички устав тогаш која е причината некој да се заканува со војна.

Милошоски вели дека оваа држава има еден проблем а тоа е економскиот. Ако нема реален напредок според него депресијата ќе стане уште поголема но и разочарувањето.

Пратеникот и поранешниот Министер за надворешни работи Антонијо Милошоски во гостувањето во „Отвореното Студио“ на Алфа телевизија во врска со кривичната пријава што ја поднесе СДСМ за оддавање на држава тајна вели дека тоа е така зашто се интересира што министерот Никола Димитров и премиерот Зоран Заев зборувале или се договарале кај претседателот Ѓорге Иванов.

Тие забранети документи кај Џафери е тоа што ги плаши Заев и Димитров. Јас ќе се борам тие документи да стигнат до пратениците зошто тие заслужуваат да ги имаат. Зошто се кријат овие документи не знам но ваквото однесување на Талат Џафери придонесува да се разградува парламентарниот систем. Ова доведува до една широка последица до граѓаните. Ако Талат Џафери ги прекршува правилата тогаш зошто граѓаните да ги почитуваат истите тие правила, рече Милошоски.

Антонио Милошоски (роден на 29 јануари 1976) е македонски политичар, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен Министер за надворешни работи на Република Македонија. Активно се служи со англиски и германски јазик.
Во 1994 година матурира во гимназијата „М. Милевски”, Кичево, а во 1999 дипломира на Правниот факултет во Скопје. Во периодот 2001 – 2002 година завршува магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Fridrich Wilhelm”, Бон, Германија. Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Gerhard Merkator” во Дујсбург, Германија, каде работеше како научен соработник до 2006 год, кога прво беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа и за Министер за надворешни работи на Република Македонија.

Тој посочи дека порано или подоцна овие документи ќе стигнат до јавноста и оти ваквото криење на документите е само сомнеж дека тие кријат кривично дело од страна на Заев и Димитров

Забраната пак  овие материјали да стигнат до пратениците дава сомнение дека Заев, Димитров и Џафери имаат нешто што да скријат. Не можеме да знаеме дали тие документи кријат некое кривично дело. Но среќа е што тие документи постојат и се водело белешка за тие разговори. Порано или подоцна ќе се обзнани што овие документи кријат. Зошто ги кријат овие документи ако немаат што да кријат? Јас се сомневам дека не е така. Некој едно говорел а друго потпишал. Овие документи се кријат како Библија во Саудиска Арабија, истакна Милошоски.

Понатаму вели дека хипокризијата на СДСМ е уште поголема. Тој додава дека оние кои го промовирале објавувањето на нелегално стекнати документи велат оти е придонес за демократијата и отворање на табу теми, денес тоа се истите тие кои се обидуваат да им стават забрана на пратениците за документи кои се легално напишани и се стекнати на процедурален начин. Милошоски додаде дека Димитров треба како министер да излезе и да каже оти се што говореле било во прилог на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика