Продолжува сагата со боледувањето на Катица Јанева

Објавил: Узунов Бобан | 29 јули, 2019 7:57

Милошоски го објави боледувањето на Катица Јанева, дали ќе биде алиби за неопределување на мерка притвор ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот Антонио Милошоски објави документ твдејќи дека е боледувањето на специјалната обвинителка Катица Јенава, според кое наводно таа, како што тврди поранешниот министер за надворешни работи, има растројство. 

„Бидејќи СЈО и Владата кријат и не ги известуваат граѓаните за прашања од јавен интерес, дозволете да им помогнеме:
– Катица Јанева од нејзин познат лекар добила боледување за периодот од 16.Јули до 15.Август 2019 година.
– Боледувањето е дадено врз основа на констатирана анксиозност растројство (F40-48), но засега не се знае дали е полесен случај или состојба која може да влијае на степенот на работната способност. Инаку овие дијагнози се најтешки за контрола и вештачење! 
– Таинственоста создава сомнеж дека боледувањето може да биде подготовка на околности за неопределување на мерка притвор или за градење на историјат на болеста на подолг рок, при евентуални подолги судски процеси“, тврди Милошоски.

Јанева си поднесе оставка на функцијата шеф на СЈО на 16 јули, односно на истиот ден кога и беше одземен мобилниот телефон откако Јавното обвинителство го покрена случајот „Рекет“ и речиси цела седмица не одеше на работа по отвореното боледување. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести