Собраниски судир за советниците на Заев

Објавил: Узунов Бобан | 30 мај, 2019 18:34

Милошоски: Заев го понижи македонскиот амбасадор во Франција и призна дипломатски скандал !

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот @Zoran_Zaev денеска призна дека плаќа лобист кој има задача да влијае врз политичар во странска држава, поточно врз претседателот на Франција @EmmanuelMacron, што е контраверзна порака кон Франција, но и понижување на македонскиот ополномоштен Амб во Париз напиша на својот твитер налог пратеникот Антонијо Милошоски. 

Изјавата на Заев дека неговиот советник Зафировски е платен за да лобира кај луѓе од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон е контроверзна порака до Франција. Дали ова ќе биде дипломатски скандал и дали ќе има реакција од официјален Париз ?

За примањата на советникот Зафировски, Заев рече дека се повисоки затоа што тој поголемиот дел од времето го поминува во Франција. Го пофали и дека има врски во кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој има врски во дипломатскиот дел до кабинетот на Макрон и со Владата во Франција, која има малку инфо за она што се случува тука. Некогаш се потребни повеќе информации за да го привлечеме кабинетот на Макрон на наша страна. Знаете дека Франција, Холандија и Данска беа со резерва за проширувањето на ЕУ кон Македонија“, рече Заев.

Поранешниот министер за надворешни работи Милошоски го праша Заев по кои критериуми се водел кога ги назначувал двајцата за советници и со што ги заслужиле месечните примања од 50 и 75 илјади денари. За Александар Ружин, Милошоски кажа дека единствен адут му е тоа што е син на Нано Ружин, кој, како што кажа пратеникот, како експерт се појавува на телевизии и го фали Заев.

Александар Ружин е син поранешниот амбасадор Нано Ружин. Со него работиме на неколку проекти, а еден од тие проекти е привлекување на странски инвестиции од Франција. Тој е присутен во ТИРЗ зоните, разговара со градоначалниците и учествува во постапката за анимирање на француските компании во делот на екологијата. Конекциите кои ги има овозможуваат да биде олеснувач и администратор на постапките и други процеси“, одговори Заев. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести