СДСМ и ДУИ имаат апсолутна власт во Собранието, во општините и со претседателот на државата, а тоа е апсолутна одговорност за исполнување на дадените ветувања

Објавил: Данаил Михајловски | 12 мај, 2019 13:50

Милошоски: Пендаровски е претседател избран на кредит кој ќе треба да го враќа Заев на сметка на граѓаните!

Фото/Текст извор: ©магазин

Стево Пендаровски е претседател избран на кредит, даден од група на политичари, кој кредит ќе треба да го враќа премиерот Заев, во кого Пендаровски изјави дека верува 102,5%.

За Пендаровски да биде претседател гласаа и дел од граѓаните кои имаат високи очекувања за подобар живот, но да не заборавиме дека огромен број на граѓани воопшто не гласаа за Пендаровски или дадоа доверба на други кандидати, а и нив ќе треба да ги претставува. Сметам дека кредитот и високите хипотеки кон политичарите кои го направија Пендаровски претседател на Македонија, за жал, ќе ги платат со разочарување граѓаните кои имаат очекување за подобар живот и подобар економски развој од власта. 

Ова се фотографии од вчерашната прошетка на премиерот  еве каде бил. Имено Заев со својот тим бил екстра обезбедуван од бугарската полиција додека лежерно си пиел кафе

»Како и да е, од денес па натаму, СДСМ и ДУИ имаат апсолутна власт и во Собранието, и во општините, и со претседателот на државата, а тоа значи и апсолутна одговорност за исполнување на дадените ветувања, за живот за сите во Македонија. Апсолутната власт понекогаш значи и апсолутна корупција, но времето ќе покаже што ќе се случува и на тој план. Но, фактурите за изборот на Пендаровски сигурно ќе стигнат од одредена група на политичари и ќе мора да бидат подмирени, веројатно во текот на следниве 7-8 месеци, а на сметка на државата, владата и институциите.

Во секокј случај, му пожелувам успешен мандат, изјави пратеникот Милошоски во Собранието по инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски.

Отсуството на премиерот Зоран Заев од инаугурацијата го оцени како ,,чуден и невообичаен сигнал”, надвор од сите државни протоколи, бидејќи немал неодложни обврски и отсуството не е заради посериозни здравствени проблеми, но рече дека после ден – два може да видиме или да дознаеме кое е објаснувањето за отсуството на Заев од овој настан.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести