Корекција од Филипче: до крајниот рок за поднесување на понуди за овој тендер пристигната е само една понуда а целата постапка е во фаза на евалуација и се уште не е ниту стигнато до електронска аукција.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 јули, 2018 21:19

Министерот Филипче на пат да се премисли или само тактичка манипулација?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

После  реакциите во јавноста кои пламнаа после  контроверзниот тендер од 35 милиони евра за набавка на реагенси на министерството за здравство министерот Венко Филипче на прес конференција кажа дека Министерство за здравство не склучило договор и фирмата која се споменува во јавност не го добила тендерот а ако има неправилности во тендерската постапка и ако не се постигне заштеда, подготвени се да го поништат тендерот.

Филипче потенцираше дека  до крајниот рок за поднесување на понуди за овој тендер пристигната е само една понуда а целата постапка е во фаза на евалуација и се уште не е ниту стигнато до електронска аукција.

(ФОТО НА ДЕНОТ ПОСЛЕ ОБЈАВУВАЊЕТО НА ВЕСТА ) Единствениот апликант на тендерот за реагенси од страна на Министерството за здравство во износ од 35 милиони евра Александар Јовановски – Жути (лево) во друштво на Илија Тозија (поранешен член на управниот на Државна видео лотарија и понекогаш управител на фирмите на Мијалков (централно) и Јордан Мијалков, син на Сашо Мијалков (десно)

„Министерството за здравство по објавениот тендер се уште не ја евалуирало понудата, а доколку по грижливата анализа на фактите и доказите постојат недостатоци во целокупната поднесена документација со понудата, согласно одредбите од Законот за јавни набавки истиот ќе претставува основ за поништување на тендерот и постапката без предизвикување на дополнителни и вонредни штети за ниедна страна“, рече Филипче.

Тој додава дека концептот за централизација на медицинските лаборатории е од голем бенефит за македонските граѓани, а овој проект е во насока на остварување на европски модел за кој се стремиме со цел реформирање на здравствениот систем и приближување кон модерните европски трендови.

„Концептот на централизирани набавки овозможуваат оптимално искористување на средствата. Министерството за здравство ќе има можност да ги контролира и предвидува трошоците за тестирање, без оглед каде се изведуваат. Од причина што станува збор за тригодишна јавна набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи и проценетата вредност за истата е висока, но заштедата за буџетот на граѓаните е голема. Доколку не постигнеме заштеда, тендерот ќе биде поништен“, рече Филипче кој меѓу останатото нагласува дека целиот процес бил транспарентен и отворен за јавноста, а на јавното отворање биле присутни претставници од Центарот за граѓански комуникации и надворешни претставници од фирмите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Иновации

Во Охрид ќе се одржи конференција по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“.

Конференцијата по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“ во Охрид

Конференцијата по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција...

Се надеваме дека овој саморегулаторен инструмент ќе ги мотивира онлајн медиумите да ги опфатат вредностите на професионалното и одговорното новинарство во својата работа“, рече Тунева.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Советот за етика во медиумите ги објавија првите Насоки за етичко известување на онлајн медиумите во Македонија

Со цел да се подобрат професионалните стандарди на онлајн медиумите, Мисијата на ОБСЕ...

Автоматизираниот комплекс лоциран на земја сега спроведува до две илјади контролни сесии секој ден.

Русија развива систем за управување на илјадници сателити: Виртуелен супер компјутер ќе ја контролира и сервисира целата мрежа!

Холдингот „Руски вселенски системи“ објави дека во моментов работи на создавање...