петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Јас водам квалитетен и прогресивен град, граѓаните знаат да препознаат добри политики. Неговото потценување е потврда за неговата неспособност како лидер на најмоќната опозициска партија во Северна Македонија вели Јанчев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 август, 2020 9:38

Митко Јанчев за Фокус: Го преземам ВМРО- ДПМНЕ!

Фото/Текст извор: ©Фокус.мк

За неговите индиректни обвинувања за потрошен кадар, но и за отворената реакција од страна на Јанчев, кога по парламентарните избори јавно му порача на Мицкоски да се повлече од партијата, за амбициите и целите во иднина, околу тоа во кој правец треба да се движи ВМРО- ДПМНЕ, кавадаречкиот градоначалник ги сподели своите ставови.

Фокус: Христијан Мицкоски обвинува дека најголемиот поткуп на овие избори се случил во Кавадарци, како вие го коментирате тоа?

Јанчев: Кавадарци е пристоен, чесен и работлив град, нема никаков поткуп! Ако тој сепак има некакви информации, нека пријави во Обвинителството, но сепак мислам дека се служи со бедни дискредитации директно кон мене, знаејќи дека Општина Кавадарци е еден од најуспешните градови во државата. Отсекогаш Мицкоски сакаше да го има ,,под свое” Кавадарци, тоа е и една од причините зошто ме разреши од потпретседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што отсекогаш ме сметаше за конкуренција.

Митко Јанчев — македонски стопанственик и политичар од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кој е тековен градоначалник на Општина Кавадарци. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во вториот круг со освоени 52,65% од вкупните гласови. Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија. Функцијата управител ја презел на 23 годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко кој бил основач на компанијата. Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата вовел нови стандарди во раководењето а компанијата го привлекла светски познатиот бренд Синалко од Германија. Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија и Претседател на Регионалната Стопанска комора во Кавадарци.

Фокус: Како е возможно еден градоначалник што бил кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и пред само две и пол години убедливо победил во неговата општина, сега да биде виновен за поразот на ВМРО – ДПМНЕ на овие предвремени парламентарни избори?

Јанчев: Уште од самиот почеток на градоначалничкиот мандат моето функционирање не беше позитивно прифатено. Наместо задоволство за напорното работење, секогаш добивав неосновани критики. Можеби непрекинатите изведби на сите проекти, кои впрочем според Мицкоски комуналните изведби претставуваат поткуп, што е смешна причина за пораз, проекти кои го придвижија Кавадарци многу чекори напред, некому му бодат во око, од причина што менаџерски не може да го постигне истото. Наместо да учи од своите грешки, Мицкоски својата неуспешност се обидува да ја сокрие преку критиките упатени кон видливиот успех, кој не е само мој, туку и на Општина Кавадарци.

Фокус: Вас ве нарече индиректно, потрошен кадар, зарем не мислите дека е тоа потценувачки, ако се знае дека сте вие еден од најдобрите градоначалници во државата?

Јанчев: Ви реков и погоре. Јас водам квалитетен и прогресивен град, граѓаните знаат да препознаат добри политики. Неговото потценување е потврда за неговата неспособност како лидер на најмоќната опозициска партија во Северна Македонија.

Фокус: Вие бевте првиот што рече дека Мицкоски после поразот треба да си замине од ВМРО – ДПМНЕ. Дали вие ќе бидете новиот лидер на ВМРО – ДПМНЕ и како планирате да ја преземете партијата?

Јанчев: ВМРО – ДПМНЕ ќе дочека подобри денови, кои всушност ги чека одамна. Оваа ситуација не може да биде вечна. На луѓето веќе им е смачено од сите притисоци и тапкањето во место. Потребна е целосна промена, со демократски ставови, со различни мислења, со различни совети од сето тоа на крај да умееме да го извлечеме најдоброто. Едноумието не не води кон успех, премногу субјективно размислување не носи чекор назад. Кога Митко Јанчев ќе го преземе ВМРО – ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец, а тоа значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој еден граѓанин во нашата земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.