Предметот се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште треба да бидат сослушани четворица сведоци. Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 декември, 2019 11:45

Митровски: Мислев дека Бојан ја злоупотребил Катица,но изгледа таа го злоупотребила него

Фото/Текст извор: ©магазин.мк ФОТО ПЛУСИНФО

Денеска во судницата за случајот Рекет сведочат бизнисмените Зоранчо Митровски и Томе Главчев , а свој  даде и адвокатот Сашко Бошков.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште треба да бидат сослушани четворица сведоци. Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Денеска продолжува сведочењето за случајот Рекет, во кој првоосомничен е Боки13.

Бизнисменот Зоран Митровски на прашање на обвинителката Вилма Русковска, рече дека во СЈО бил повикан како сведок за случај наречен „Поштенска банка“.

– Мојата компанија 29 години произведува вино за извоз, пред сѐ. Штетата не може да се измери што е направена по мојот углед откако од медиумите дознав дека не сум сведок, туку осомничен. СЈО за мене се претвори во кошмар. Од измислен случај „Поштенска банка“ каде што ние бевме малцински акционер, не можев да верувам дека СЈО, за кое мислевме дека ќе донесе правда, ќе ми уништи 20-годишна кариера. Ми беше срам да пријавам поради СЈО, прво мислев дека Бојан ја злоупотребил Катица, а сега мислам дека Јанева го злоупотребила. Ми беше срам поради мојата Македонија – рече вознемирено Митровски, пренесува Плусинфо.

Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски упати прашање до Митровски кој одговори дека не се сретнал лично со Боки, ниту пак дал пари, ниту пак дека пријавил во МВР.

Инаку Зоран Митровски е вработен во конзулатот на Латвија. 

Прв денеска сведочеше адвокатот Сашко Бошков. Сведокот рече дека во ноември лани му се јавил кошаркарот Владо Илиевски и му кажал дека Боки 13 сакал да се сретне со нив во 1ТВ. Тогаш Боки 13 го прашал дали е близок со Зоран Митровски од винаријата “Еземит” и му кажал дека имал предмети во СЈО.

– Јас му кажав дека има само еден предмет со “Поштенска Банка”, на што обвинетиот рече не е еден предмет туку се повеќе – рече Бошков.

Во врска со предметите и помошта Јовановски побарал два милиони евра, предлог кој бил одбиен.

– Му пренесов на Зоран Митровски кој реагираше бурно и се исплаши. Ми рече дека не чувствува потреба да даде пари. Прво се плашеше, но потоа случајот го пријави – рече сведокот Бошков.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести