Браќа, сестри и сите оние кои во изминативе триесетина години поттиснати од потребата, притиснати од тешкотијата со по една торба на рамо заминавте на сите страни по белиот свет.

Објавил: admin@magazin | 21 мај, 2019 7:08

Михаилов за дијаспората: Вие сте моите херои, не за Тамара, туку зашто сами се изборивте во белиот свет!

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Потсекретарот на ВМРО-ДПМНЕ Кире Михаилов се огласи на Фејсбук откако голем дел од јавноста ја обвини нашата дијаспора за резултатот на пејачката Тамара Тодевска на Евровизија. Нашите иселеници од дијаспората се најдоа на мета критики и беа обвинети дека поради нив Тамара изгубила на Евровизија.

Кире Михаилов потсекретарот на ВМРО-ДПМНЕ, констатираше дека нашите иселеници се херои кои храбро и одважно тргнаа да бараат опстанок во туѓа земја. 

Браќа, сестри, роднини , комшии пријатели и останати, сите оние кои во изминативе триесетина години поттиснати од потребата, притиснати од тешкотијата со по една торба на рамо заминавте на сите страни по белиот свет и денеска вие сте таа дијаспора.

Вие за кои нашата заедничка и единствена Татковина, Македонија не успеа да ви овозможи начин, да ви даде леб, да ви најде опстанок се одваживте и пресмело тргнавте по целиот свет и вие станавте таа дијаспора…

И сега вие сте биле криви што Тамара која пееше за некоја северна Македонија која вие, а бога ми и јас не ја познаваме сте биле вакви, сте биле онакви, да, вие, токму таа дијаспора, напиша Кире Михаилов потсекретарот на ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи се со емотивни зборови кон дијаспората и нашите иселеници кои се далеку по светот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...