Тој истакна дека СДСМ и Пендаровски мислат на тоа како да се богатат, да уживаат во комфор и привилегии додека ја раскрчмуват иднината на Македонија,

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 април, 2019 8:53

Мицковски: На овие избори се носи одлука дали ќе продолжиме да живееме во понижена, омаловажена и уништена држава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Струмица се обрати пред насобраните граѓани. Мицкоски пред присутните потенцираше дека овие претседателски избори не се обични избори, туку многу повеќе од тоа, бидејќи Македонија е во прашање, на овие избори се носи одлука дали ќе продолжиме да живееме во понижена, омаловажена и уништена држава каква што сега ја направи СДСМ.

Од една страна ја имаме нашата праведна, честита, сенародна битка против заевизмот, олицетворена во професорката Гордана Силјановска Давкова,а од друга страна го имаме оној избран на мафијашки начин во скап скопски хотел од деспотот Заев, Стево Пендаровски симбол на завидлизмот. Изборот е јасен ќе победи најголемата коалиција, а тоа е коалицијата со народот и професорката Гордана Силјановска Давкова, посочи Мицкоски.

Тој истакна дека СДСМ и Пендаровски мислат на тоа како да се богатат, да уживаат во комфор и привилегии додека ја раскрчмуват иднината на Македонија, додека пак ВМРО-ДПМНЕ и професорката Силјановска Давкова за честита, достоинствена и горда Република Македонија.

Тие би да се откажат од нашето минато, кое што како сидро не им дава да се одлепат од нивното секојдневие, ние се гордееме со нашето минато, историја и традиција која што е едро во кое дува ветер и не носи во европска и светска Македонија. Ние нашите сограѓани ги сакаме како наши браќа и сестри и така ги повикуваме како добри луѓе и почитувани, а тие најпрвин ги нарекоа стока, а сега ги нарекуваат сурати. Зарем тие луѓе кои што сопствениот народ саи го нарекуваат стока  и сурати заслужуваат поддршка? Не, тие заслужуваат казна која народот ќе им ја порака на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај, нагласи Мицкоски.

Мицковски додава дека неправда е кога СДСМ ќе ветуваат владеење на правото, ама ќе заборават тие истите на Мирчо свињарникот и на евро за Вице и евро за црквата, неправда е кога ќе заборават на жицата во која се колнеа дека нема да го сменат идентитетот, а првата  работа што ја направија беше тоа, за пусти пари, потенцираше претседателот на ВМРО, и истакна дека и неправда е да не се постави македонската гарда и да не се интонира македонската химна, и притоа да се лаже сопствениот народ, најпрво дека немало време заради доцнење на авионот, за после да признаат дека Зоран Заев не сакал да му направи проблем на неговиот пријател Ципрас во Грција.

Мицковски на митингот во Струмица се осврна и на неправдите кои се секојдневие откако се СДСМ на власт, посочи дека  ветуваа повисоки пензии, а кога дојдоа на власт ги скратија, ветуваа реновирани болници, а наместо тоа докторите ни бегаат во странство, ставаа чевли пред владата, а откако дојдоа на власт го забрзаа иселувањето.

Конечно вистината е неприкосновена а таа дека тој се плаши да слуша дека „Денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“, нагласи Мицкоски.

Тој посочи две работи  зошто професорката Гордана Силјановска Давкова беше  изборот на делегатите на ВМРО-ДПМНЕ, првата затоа што таа е најинспиративниот професор и не се штеди своето знаење да го пренесе на студентите, и затоа што е достоинствена, честита, вредна и голем борец против криминалот и гарантира владеење на правото.

Втората работа затоа што секогаш кога на Македонија и било важно професорката Гордана Силјановска Давкова била во првите редови на одбраната, така беше и во 2004 така и во 2018 кога некој тргуваше, парчеше и распродаваше нешто што не го спечалил, туку го наследил тука беше професорката Гордана Силјановска Давкова  да застане во одбрана на државните интереси и затоа со гордост можам да кажам дека следниот претседател нема да е Стево туку Гордана Силјановска Давкова, кажа Мицкоски.

Тој ја побара поддршката од струмичани за да може да се стави крај на заевизмот и да живееме во Македонија која ќе си ги врати назад младите, Македонија во која ќе владее правото,  каде ќе се бориме против криминалот и корупцијата, земја со реновирани, училишта, болници,  градинки и рекордер по инвестиции.

Пред  зората е најтемно, но добра вест е што изгрева зората на слободата и таа зора носи правда за граѓаните на Република Македонија и победа на професорката Гордана Силјановска Давкова, заврши Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести