петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Во атентатот на државата главниот играч е Зоран Заев кој, како што посочи Мицкоски, веќе две години кумува на овој процес.

Објавил: Македонка Димкин | 15 јануари, 2019 22:54

Мицкоски:Вчера започна, а денес беше егзекутиран атентатот врз Република Македонија

Фото/Текст извор: ©вмро-дпмне / алфа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Отворено студио на телевизија Алфа истакна дека, Зоран Заев со спроведувањето на двојазичноста и промената на името на државата прави атентат врз Република Македонија.

Говорејќи за противправното објавување на Законот за јазиците во Службениот весник, тој посочи дека тоа е дел од сценарио одамна замислено, а спроведено етапно за да не се подгреваат страстите со цел најпрво да се заврши со промената на името на државата. Во атентатот на државата главниот играч е Зоран Заев кој, како што посочи Мицкоски, веќе две години кумува на овој процес.

» Вчера започна, а денес беше егзекутиран атентатот врз Република Македонија. Она кое што го осмисли претходно, за време на зимските и пролетните месеци минатата година, го операционализираше и конечно во една против процедурална и против законска и против уставна процедура на насилен начин го завршија во рамките на Собранието, Зоран Заев, Талат Џафери и останатите ликови кои што му кумуваа на овој процес во рамките на Собранието.

По одреден период тие тактизираа го чекаа овој момент, бидејќи ајде си велеа да не создаваме сега алиби за овие уценети пратеници да завршат еден друг процес, да не ги вознемируваме страстите помеѓу нив па да не се појави некое чувство на колебање помеѓу нив.

Па ајде откако заврши она што заврши во петокот, ајде сега на ваков брутален насилнички начин да го дозавршиме атентатот врз Република Македонија, вели Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.