Во својата објава Мицкоски посочува дека Обвинителството уште еднаш ја зема улогата на заштитник на криминалот на власта, а Рускоска се претвори во заштитник на скандалите на Заев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јануари, 2020 12:29

Мицкоски: Вилми и Јовевци не убедуваат дека Заев не е вмешан во криминал

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на својот Фејсбук профил каде напиша дека редно време е како што вели ова обвинителство да започне да гледа докази за криминал кај власта?

Фејсбук објава на Мицкоски….

Изјавата од пред некој ден на обвинителката Вилма Рускоска е причина повеќе зошто ни треба закон за независно обвинителство, и доказ плус за целосната политизираност на сегашното обвинителство. Тоа објаснува и зошто Заев се бори за закон кој ќе го амнестира криминалот, пишува на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во својата објава Мицкоски посочува дека Обвинителството уште еднаш ја зема улогата на заштитник на криминалот на власта, а Рускоска се претвори во заштитник на скандалите на Заев.

Случајот за поткуп на гласачи во 2014та година, “сосема случајно” бил отворен во 2018та година и затворен поради немање на докази. И сега ние треба да и веруваме на Рускоска дека Заев е невин во целиот случај, кога јавна тајна е како СДСМ и Заев обезбедуваат поддршка во Струмица и не само таа 2014та година туку и за изборите претходно, но и времето потоа. За таквиот феудален систем со робовладетелски карактеристики сум говорел во повеќе наврати каде “вождот” немоќните ги уценува, а останатите ги рекетира.Овој случај со поткуп на гласови е отворен и затворен во 2018та затоа што тоа Вилма Рускоска е обвинител, а Заев беше премиер и само така Заев може да биде нечепнат. Го отворила за да го затвори, далеку од очите на јавноста. Впрочем сега е јасно дека обвинителство е чуварот на криминалите на актуелната власт. Да ги бројам ли, Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3, Поткуп, Крвави тендери, Афера Кеш во СЈО, канабис милиони за власта… Слепилото пред криминалот на сегашното обвинителство може да се острани единствено со квалитетен закон за обвинителство. И пораз на Зоран Заев на следните избори. Се дотогаш, разни Вилми и Јовевци ќе не убедуваат во неубедливото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...