Знаете ли вие што обезбедивте господине Заев?

Објавил: Перо Милчин | 21 септември, 2021 5:38

Мицкоски до Заев: Обезбедивте хибриден режим, најнесреќна земја во светот, најкорумпирана земја во Европа, ете тоа е ваша заслуга

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашниот ТВ ДУЕЛ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, реплицирајќи му на Зоран Заев кој кажа дека обезбедиле иднина во Македонија, му порача дека сите извештаите покажуваат дека Заев и владата на СДСМ на граѓаните им обезбедила само срам и понижување, читајќи му ги Извештајот од Економист каде што Македонија е оценета како хибриден режим, но и според индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл во кој стои дека Македонија е на историско најлошо место според степенот на корупција, извештајот од страна на Стејт Департментот во кој стои дека корупцијата е постојан проблем во Македонија, како и дека Македонците се најнесреќните луѓе во Европа.

Знаете ли вие што обезбедивте господине Заев?

Сега ќе ви кажам, еве  бидејќи велите дека сте ја обезбедиле иднината, јас ќе ви кажам што сте обезбедиле вие, вели вака Македонија е хибриден режим индекс на Економист, Македонија е хибриден режим затоа што се наоѓа на 78 место таму со Киргистан, Танзанија, Молдавија, Нигерија, Уганда, Либан и други, потоа, Македонија е држава со најнесреќни граѓани, и вели Македонците се најнесреќните  луѓе во Европа. Одиме понатаму, Стејт Департментот, корупцијата е постојан проблем во Македонија, Извештај на Стејт Департментот, вели одложена правда и мало подобрување на медиумските слободи, Македонија е историски најлошо рангирана според индексот на корупција на 111 место. Да ви читам уште од работите кои што вбие ги обезбедивте? Вие обезбедивте срам и понижување, му порача Мицкоски на Заев.

А што ќе обезбедиме ние?

Сега ќе ви кажам, ние си зацртавме како коалиција која што се бори против корупцијата, која што денеска за жал е рак рана за цела држава ќе ја донесе Македонија на она место во кое што ќе обезбедиме пристоен живот, и ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и вербата да останат овде, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.