Мицкоски додаде дека сака да понуди ВМРО-ДПМНЕ да помогне само за доброто на државата да добие датум што поскоро бидејќи и така оваа власт не е способна да сработи сама.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јуни, 2019 19:13

МИЦКОСКИ: “Заев се однесува како мало дете, кога ќе му ја земат играчката никој не му чини„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Отворено’ на телевизија Алфа рече дека потребна е голема работа и потребно е да работиме за да може да сработиме за иднината на државата.

Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата „Отворено„ рече дека ова лето нема да има датум за отпочнување на пристапните преговори со Европската унија, зашто за тоа е потребно да се работи, а ВМРО-ДПМНЕ го нуди целиот свој потенцијал да работи со Владата на СДСМ, со цел надминување на сите пречки кои стојат на патот за Република Македонија барем во октомври да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Мицкоски додаде дека сака да понуди ВМРО-ДПМНЕ да помогне само за доброто на државата да добие датум што поскоро бидејќи и така оваа власт не е способна да сработи сама.

Ајде да работиме. Потребно е да се работи,. Овој потенцијал кој што го има Зоран Заев видовме до каде не донесе. Повторно ќе кажам потребна е работа и потребно е да работиме за да може да сработиме за иднината на државата, вели Мицкоски.

„Потенцијалот што го има Зоран Заев околу себе видовме до каде нѐ донесе. Повторно ќе кажам потребна е работа и потребно е да работиме за да можеме да сработиме за иднината на државата.

Ова не е како мало дете земи му ја играчката и веднаш не чиниш“, дециден беше Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести